Општа слабост и замор – најчести симптоми за недостиг на витамин Б12

Витаминот Б12 ја зголемува енергијата, го подобрува целокупното здравје и помага побрзо да го намалите вишокот килограми. Има важна улога во создавањето на ДНК, нервните и крвните клетки. Од особено значење е за нормална функција на мозокот и имунолошкиот систем. Единствен извор на витаминот е храна од животинско потекло како јајца, месо, школки и млечни производи. За најбогат извор се сметаат рибата и месото.