Хидротерапија – Почувствувајте ги благодетите на водата

Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се кристи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Примената на терапевтското дејство на водата има корени уште од старите римјани, кога и природонаучниците Гален и Целзиус ги оставиле првите пишани документи за дејството на топлата и ладната вода врз организмот.