Како да го подготвите телото за спортување во лето?

Долгото топло лето ги носи со себе пријатните мигови на плажа, но тука е и стремежот за што подобар и поздрав изглед на нашето тело. Секојдневното спортување може да ни помогне да го добиеме посакуваниот изглед, а во летниот период тоа мора многу внимателно да се практикува. Високите температури и зголемената влажност на воздухот во надворешната средина  влијаат врз циркулаторниот систем и работата на мускулите. Тоа доведува до хронична исцрпеност на мускулниот систем и го зголемува ризикот од повреди во текот на спортувањето. Секако во летниот период особено треба да се посвети внимание кон тоа да се избегне синдромот на прегревање и хронична дехидратација на организмот.