Хируршки третман на карцином на дојка
Во кои случаи изборот е операција? Во раната фаза на карциномот на дојката првиот избор е хируршка интервенција. Со хируршката интервенција се отстранува туморот заедно со околното здраво ткиво од дојката или, пак, целата дојка. Со цел да се увиди дали туморот се проширил до аксиларните лимфни јазли, исто така се отстрануваат некои лимфни јазли. […]
Генетски тестови
Генетските испитувања ја откриваат врската меѓу разни болести и гените. Истражувањата за улогата на гените, особено во раното дијагностицирање на канцерот, продолжуваат во голема мера. Сепак, овие истражувања сè уште не достигнале ниво за да можат да бидат употребени во клиничка примена. Па така, генетските тестови не може да се користат за рано откривање на […]
Одредување на стадиум
Како и кај сите други случаи на карцином, одредување на стадиумот во кој се наоѓа карциномот на дојка е неопходен фактор за планирање на лекувањето. Според тоа, секој стадиум ја опишува фазата на болеста: Нулта стадиум (carcinoma in situ): канцерогените клетки сèуште не можат да се шират и се целосно ограничени во дојките. Стадиум I: Канцерогените […]
Техники за обележување
Местото на сомнителното ткиво кое е детектирано за отстранување како резултат на претходни испитувања се обележува пред операцијата. Методот на обележување со жица се спроведува на истиот ден со операцијата, додека поосетливиот РЛСЛ (ROLL) метод може да се примени и ден пред операцијата. Што е тоа? Кога ќе се донесе одлука да се отстрани сомнителното […]
Што треба да знаете за биопсија
Која е процедурата пред биопсија? Колку време трае постапката? Биопсијата со тенка игла и тру-кат биопсија (иглена биопсија со пресекување) траат 15-20 минути и по завршувањето на процедурата пациентот може да продолжи со секојдневните активности. Биопсијата со помош на вакуум трае околу 30-40 минути и по завршување на постапката се препорачува пациентот да се одмори, […]
Биопсија со помош на МР
Што е биопсија со помош на МР? МР на дојките често се користи пред операција кај жени дијагностицирани со карцином на дојка, за да се утврди дали постои друго жариште на карцином во дојката и, исто така, се користи за снимање пациенти со висок ризик. Во повеќето случаи, со оваа биопсија може да се откријат сомнителните наоди кои не можат да се откријат со други методи. До […]
Биопсија со помош на вакуум
Што е биопсија со помош на вакуум? Биопсијата со помош на вакуум е најсовремена од сите методи на иглена биопсија. Овој метод се користи за дијагностицирање на сомнителни наоди, кои се обично видливи само со мамографија. Оваа биопсија се издвојува како префериран метод за биопсија на сите сомнителни наоди кои се видливи само со мамографија […]
Иглена биопсија
Што е иглена биопсија? Кога во дојката се откриени сомнителни наоди треба да се направи иглена биопсија или сомнителната област треба да се испита со операција со цел да се постигне дијагноза. Во случаи каде што сомнителни наоди не може да се откријат со палпација, потребна е иглена биопсија со помош на методи на снимање […]
Магнетна резонанца
Што е магнетна резонанца? Магнетна резонанца или МР едноставно може да се опише како „техника за обработка на снимка преку радиофреквенција во средина со силно магнетно поле“. МР, што не користи радијационо зрачење, овозможува многу успешни резултати особено во снимање меки ткива. Како се применува? За време на МР, уред во форма на голема цевка, […]
Ултрасонографија
Што е ултрасонографија? Ултрасонографијата (УС) е метод за добивање снимки преку звучни бранови. Како се применува? При прегледот пациентот е во легната позиција. Најпрво се става гел врз дојките, а потоа ултрасонографскиот уред, кој овозможува приказ на дојките, се придвижува по дојките. Во меѓувреме, снимките на УС екран се следат или се снимаат доколку постои […]