Околу 90% од светската популација во некоја фаза од животот има проблеми со ’рбетот. Доколку посветите малку грижа за своето здравје можете многу да си помогнете и да ги намалите шансите за посериозни нарушувања и исцрпувачки болки во грбот.
Пршленските тела и нивните зглобови, мускулите и лигаментите околу нив обезбедуваат потпора за целото тело, а токму тоа покажува поради која здравиот ’рбет е важен за целото здравје.
5 совети за здрав ’рбет:
1. Практикувајте постојано да имате добро држење додека стоите, седите, лежите, пешачите или кревате товар. Потрудете се што помалку да ги напрегате мускулите и лигаментите кои во одреден момент претрпуваат најголем товар.
2. Секогаш одржувајте ја телесната тежина соодветна за вашата висина.
3. Вежбајте аеробик, пливајте, истегнувајте се со цел да го подобрите вашето ниво на активност. Така ќе бидете поотпорни на повреди, и побргу ќе заздравите од повреда.
4. Носете добро избалансирани, удобни и меки обувки.
5. Престанете да пушите, пушачите се соочуваат со повеќе болки во грбот кои многу побавно се лекуваат.