Цисти и тумор на јајчници

Улогата на јајчниците е двојна : репродуктивна и ендокрина. Во нив се создаваат и созреваат женските репродуктивни јајце клетки, а воедно јајчниците ги создаваат и женските полови хормони.

Цистите претставуваат ќесички исполнети со течност. Постојат различни видови на цисти, од кои најчести се функционалните цисти кои се создаваат за време на овулацијата (со растењето на фоликулите). Други видови цисти вклучуваат:

Улогата на јајчниците е двојна : репродуктивна и ендокрина. Во нив се создаваат и созреваат женските репродуктивни јајце клетки, а воедно јајчниците ги создаваат и женските полови хормони.

Цистите претставуваат ќесички исполнети со течност. Постојат различни видови на цисти, од кои најчести се функционалните цисти кои се создаваат за време на овулацијата (со растењето на фоликулите). Други видови цисти вклучуваат:

Синдром на полицистични јајници – многубројни помали цистични формации на јајчниците.

Ендометриоза, цисти кои содржат дел од ткивото на матката.

Цистоаденом, цисти кои се создаваат од клетките кои го покриваат надворешниот дел на јајчниците.

Дермоидни цисти – вид на цисти кои содржат и друго ткиво како на пример влакна, коса , заби и сл.

Зошто се создаваат цистите?

Цистите во јајчниците може да бидат бенигни или малигни. Не постои јасно докажана причини за нивната појава, но секако дека постојат низа ризик фактори како што се :

Возраста – жени во менопауза

Пушење

Прекумерна тежина

Жени кои не родиле и не доеле

Хормонска терапија

Семејна историја на болеста

Какви симптоми даваат ?

Најчесто цистите не даваат јасни симптоми па затоа се откриваат при рутински гинеколошки преглед. Симптомите се јавуваат доколку цистата прсне, крвави или ротира. Доколку забележите некој од овие симптоми закажете преглед на гинеколог.

  • Болка или надуеност на стомакот
  • Тешкотии при мокрење или честа потреба за мокрење
  • Тапа болка во долниот дел на грбот
  • Болни сексуални односи
  • Болен менструален циклус
  • Нагло слабеење
  • Мачнини и повраќање

Како се лекуваат?

Најголемиот број цисти поминуваат сами од себе. Доколку немате симптоми и не сте се уште во менопауза, тогаш потребно е само да се следат за да се увидат евентуални промени на цистата. Хируршкото отстранување на цистите се изведува само доколку не поминуваат сами од себе, растат, предизвикуваат болка и доколку докторот процени дека единствена опција за  третман е операција. Во тој случај, постојат два типа на хируршка интервенција:

Лапароскопски (со мал рез) се отстрануваат помалите цисти,  додека со класична операција се отстрануваат големи цисти како и тумори на јајчникот. Доколку цисти се малигни, во зависност од состојбата хирургот може да отстрани и дел од јајчникот, матката тубите и сл.

Третманот на малигните тумори доколку е потребно вклучува и хемотерапија и зрачна терапија според инструкциите на онколог. Пристапот во лекувањето е индивидуален и зависи од состојбата на пациентот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!