Воспаление на слузницата на дебелото црево

Улцеративниот колитис спаѓа во групата инфламаторни болести на дигестивниот тракт. Улцеративниот колит секогаш се јавува само на дебелото црево и ректумот и го зафаќа неговиот внатрешен слој (слузокожа) каде се јавуваат воспалителни промени проследени со улцери (поголеми или помали рани во слузокожата). За разлика од улцеративниот колити, кроновата болест може да се јави на кој било дел од дигестивниот тракт, но најчеста е на тенкото и дебелото црево и ги зафаќа внатрешните слоеви на ѕидот на цревото. Овие воспалителни болести се од хроничен карактер.

Причини за појава на улцеративниот колит

Нема јасно дефинирана причина, но се мисли дека нарушување на имуниот одговор на организмот при воспалителни промени во лигавицата заедно со генетска предиспозиција (во еден дел на случаевите) и влијание на фактори од околината влијаат на почетокот и еволуцијата на болеста.

Симптоми на улцеративниот колит

 Упорните проливи со крвави примеси кои не реагираат на вообичаеното антибиотско лекување, општа слабост, болки и грчеви во стомакот, губење во тежина се најчестите симптоми. Тие се развиваат со текот на времето, но понекогаш почетокот може да биде брз со акутно нарушување на општата состојба и да е потребно брзо животоспасувачко хируршко лекување.

Поставување дијагноза

Колоноскопијата и биопсијата е единствен начин за поставување дијагноза.

Лекување

Лекувањето на пациентот и следењето на болеста го прават специјалисти гастроентерохепатолози. Болеста е хронична па и лекувањето знае да трае долго. Покрај земањето лекови под контрола на докторот, во третманот се подразбира и едукација на пациентот, менување на животниот стил, менување на исхраната. Доколку третманот со медикаменти не ги дава саканите резултати во период од шест месеци или состојбата на па- циентот се влошува, тогаш е потребно хируршко лекување. Пациентот уште на почетокот со запознавање со болеста треба да биде информиран за можноста за хируршкото лекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!