Минимално инванзивна кардиохирургија

Спас за срцето низ отвор од 5 сантиметри – Минимално инванзивната кардиохирургија драстично ги намалува негативните последици од традиционалната хирургија. Пациентите со помош на оваа современа процедура побрзо заздравуваат и се враќаат на нормалниот живот. Периодот на заздравување се скратува за половина, пациентот има помалку болки и подобрена функција  на белите дробови. Со минимално инванзивната операција целата процедура се изведува преку мал отвор од пет сантиметри за разлика од традиционалната кардиохируршка операција на отворено срце, каде што е потребно отворање на градниот кош.

Бројни предности

Минимално инванзивната хирургија денеска овозможува хируршки интервенции на сите органи меѓу кои и срцето. Интервенциите се работат со помош на ендоскопски оптички помагала, при што се прави мал рез со цел да се намали траумата за пациентот, а воедно и да се зачува квалитетот на операцијата.

Со минимално инванзивната операција целата процедура се изведува преку мал отвор од пет сантиметри за разлика од традиционалната кардиохируршка операција на отворено срце , каде што е потребно отворање на градниот кош. Со помош на специјални инструменти и ендоскопска камера, кардиохирургот ги изведува потребните корекции на срцето. Ваквиот пристап го намалува ризикот од крвавење, а со тоа и потребата од дополнителни количини крв. Периодот на заздравување се намалува за половина, пациентот има помалку болки и подобра работа на белите дробови.

Друг  битен момент кај оваа интервенција е и козметичкиот ефект. Наместо долгата лузна на средината од градниот кош, со оваа современа интервенција пациентот има лузна од само пет сантиметри. Ова е особено важно кај жените кај кои лузната воопшто не се забележува бидејќи е сместена под градите.

Хирургија на митрални залистоци

Минимално инванзивната хирургија најголема примена има кај пациентите кај кои е потребна замена или корекција на митралниот залисток. Доколку во предоперативното иследување се открие дека пациентот има и коронарна болест, се донесува одлука како да се продолжи третманот. Првата опција за третман е да се изведе класична операција при што ќе биде поставен коронарен бајпас и корекција на митралниот залисток. Втората опција е хибриден пристап каде што во договор со интервентен кардиолог прво се изведува стентирање на коронарната артерија, а во втора фаза со помош на минимално инванзивна хирургија се коригира митралниот залисток.

Минимално инванзивен пристап во корекција на срцеви артерии

Со минимално инванзивната хирургија се овозможува и изведба на коронарен бајпас кај одредени артерии.

Вродени срцеви проблеми кај деца

Една од најчестите аномалии е дефект во преградата меѓу преткоморите, која многу често знае да биде незабележан. Постојат неколку можности за третман на оваа состојба.  Еден од начините е класичниот пристап кој има лош козметички ефект на млад пациент, а секако тука е и траумата при отворањето на градниот кош. Друга алтернатива е да се изведе со инванзивно кардиолошка процедура да се затвори дефектот со поставување чадорче, а во одредени случаи тоа може да се реши и со минимално инванзивна кардиохирургија,  која дава одлични резултати.

Оддел за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“

Одделот за кардиохирургија „Св.Илија“, изграден според најсовремени светски стандарди, нуди комплетен спектар на кардиохируршки интервенции. На Одделот работи специјално обучен професионален тим на хирурзи, анестезиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари, предводени од проф.д-р Салис Таџер, шеф и основач на Одделот со повеќе од 30-годишно искуство.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!