Медот во служба на убавината

Легендата вели дека медот бил единственото оружје кое Клеопатра го користела за својата убавина. Медот ги содржи сите природни состојки кои ѝ се потребни на кожата. Тој е полн со антиоксиданси, кои се добри за брчки и го спречува стареењето на кожата. Неговото антибактериско дејство помага во превенција и во борбата со акните.

Како медот може да ѝ помогне на вашата убавина:

1. Медот е одличен како маска за лице која ја отстранува нечистотијата, ја храни сувата и дехидрирана кожа и помага во отстранување на брчките.

sistina

2. Медот може да се користи и како регенератор за коса. Помешајте исти количини на мед и маслиново масло и покријте ја косата. Главата замотајте ја со топла крпа и оставете да делува околу час и половина. Потоа измијте ја косата со шампон.

3. Медот ќе ви помогне и да ги намалите килограмите. Измешајте мед и цимет во еден литар топла вода. Пола од течноста испијте ја наутро пола час пред јадење и навечер.

Ваквата смеса не дозволува маснотиите да се наталожат во организмот.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!