Времето поминато со вашиот доктор е ограничено, па затоа добро решение е да подготвите листа на прашања кои треба да му ги поставите на вашиот доктор.
Некои од прашањата вклучуваат:
– Каков тип карцином имам?
– Во која фаза се наоѓа карциномот?
– Можете ли да ми ја објасните мојата патологија? Дали може да ми дадете копија од снимките?
– Дали ми се потребни дополнителни испитувања?
– Кои опции за третман најмногу ќе ми одговараат и ќе ми бидат најдостапни?
– Кои се бенефитите од третманот кој ќе ми го препорачате?
– Кои се несаканите ефекти од третманот?
– Дали третманот може да предизвика менопауза?
– Како третманот ќе влијае на мојот секојдневен живот? Дали ќе можам да продолжам со работа?
– Дали постои третман кој Вие сметате дека е многу подобар од другите?
– Како знаете дека овој третман е најдобар за мојата состојба?
– Што би му препорачале на некој близок пријател или член од семејството кога би се нашол во ваква ситуација?
– Колку брзо морам да се одлучам за тоа кој третман ќе го одберам?
– Што би се случило доколку не сакам да прифатам каков било третман?
– Колку би ме чинел третманот?
– Дали треба да побарам второ мислење?
– Дали имате брошури или други материјали? Кои веб страници и книги би ми ги препорачале?
Од друга страна, очекувајте дека и докторот ќе ви постави многу прашања. Неколку од нив:
– Кога за првпат ги забележавте првите симптоми?
– Дали симптомите се јавуваа одвреме навреме или постојано?
– Колку беа сериозни симптомите?
– Дали нешто Ви ги олеснуваше симптомите?
– Дали нешто Ви ги влошуваше симптомите?