Треската кај мало дете може многу да ги исплаши и вознемири родителите, особено оние кои првпат станале мама и тато. Секое дете во детството во текот на ноќта имало треска, без разлика колку вие сте внимателни! Важно е родителите да знаат како да постапат кога ќе се случи тоа. Прво, неколку совети за мерење на температурата на вашето дете:
Постојат повеќе видови топломери – од класични до понови модерни дигитални топломери. За да ја измерите телесната температура можете да користите кој било топломер. За најпрецизно мерење на температура кај бебиња и мали деца се препорачува користење на ректален топломер. Доколку ви е непријатно и страв да го користите овој топломер, мерете ја температурата под мишката на детето.
Што е треска?
Треската се дефинира како телесна температура која е над 38 степени Целзиусови. Нормалната температура на телото е околу 36-37 степени. Оваа температура варира во текот на денот и може да се разликува во зависност од возраста, нивото на активност и други фактори.
Кога не треба да се грижите за треската на вашето дете?
Кога треската кај вашето дете трае помалку од пет дена и кога детето се однесува нормално. Не треба да се грижите доколку вашето дете е расположено, и кога јаде и пие нормално.
За нормална температура се смета температурата до 39.2 степени кај детето на возраст од 3 месеци до 3 години или 39.4 доколку е постаро. Послаби трески се јавуваат доколку бебето или детето било вакцинирано. Овие видови трески се нормални доколку траат помалку од 24 часа.
Кога да повикате доктор?
А сега важното прашање: кога треба да бидете загрижени околу треската на вашето дете? Побарајте педијатар доколку:
– Бебе кое е помало од 3 месеци има треска. Треската може да биде единствената реакција на бебето кога е сериозно болно.
– Треската на вашето дете трае повеќе од 5 денови. Можеби ќе бидат потребни дополнителни испитувања за можните причини.
– Температурата на вашето дете е повисока од 40 степени.
– Вашето дете не се однесува нормално, тешко се буди или не зема доволно течности. Бебињата кои не трошат по 3 пелени дневно или постари деца кои не уринираат на секои 8 до 12 часа може да бидат дехидрирани.
– Малото било вакцинирано неодамна и има температура над 38.8 степени или треска подолго од 24 часа.
– Загрижени сте! Доколку не може да издржите да го гледате вашето дете болно со треска, побарајте помош од вашиот педијатар.
Што да направите доколку се случи напад
Нападите се многу страшни кога се јавуваат од треска кај некои деца. „Фебрилни напади“ се јавуваат кај 2 до 4 проценти од децата под 5 години. Не сите напади предизвикуваат неконтролирани движења во телото. Некои напади изгледаат како „онесвестување“. Доколку вашето дете има напад:
– Легнете го на страна.
– Не ставајте ништо во устата на детето.
-Повикајте Брза помош доколку нападот трае подолго од 5 минути.
Доколку нападот трае помалку од пет минути, ве советуваме да го контактирате вашиот доктор или да барате итна медицинска помош.