Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Што е сколиоза?

Сколиозата е странично искривување на ’рбетниот столб, кој создава кривина во облик на буквата С или S. Не секогаш има надворешни видливи знаци на деформитетот, но детето се жали на болка во торакалниот  и лумбалниот дел од грбот при подолго стоење. Етиологијата често е непозната (идиопатска), а голем удел имаат секојдневните навики на лошо држење на телото.

Како што болеста напредува, болката во грбот станува поинтензивна. Деформитетот може да врши притисок на некои нерви, на `рбетниот мозок, што може да доведе до слабост, вкочанетост и болка во долните екстремитети. Во ретки случаи може да дојде до деформирање на градниот кош, што резултира со проблеми со дишењето, замор па дури и срцева слабост.

Симптоми кои најчесто се забележуваат:

–          Несиметрични рамења и слабински бразди

–          Испакнување на едната или двете плешки

–          Спуштено рамо и карлица

–          Грпка на едната страна на грбот

Третман

Конзервативен

Третманот на сколиозата  кај децата во раст зависи од аголот на искривување на ‘рбeтниот столб кој се мери на панорамска рендген снимка. Доколку аголот е до 25 степени, тогаш се применуваат одредени вежби за подобрување на држењето на телото и редовен мониторинг на промените. При агол од 25 – 40 степени се оди кон апликација на еластични појаси или пластични  корсети во комбинација со соодветни вежби и при агол поголем од 40 степени деформитетите се лекуваат хируршки. 

Хируршки

Во Спиналниот центар се изведуваат најсовремените хируршки техники во лекувањето на потешки случаи на сколиоза и кифоза. Овие интервенции најчесто се јавуваат кај децата (поретко во инфантилна фаза (1-3 години), а почесто во јувенилна и адолесцентна). Деформитетите поретко се јавуваат и кај возрасните како последица на понапреден дегенеративен процес. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има богато искуство во хируршкиот третман на деформитетите на `рбетниот столб во сите возрасти, од најраната (детска возраст) до најстарата популација. 

Што е кифоза?

Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочлива при седење и ја следи завиеност на обете рамења нанапред. Често е последица на наглото растење на децата, лоша положба при седење и слаба стомачна и грбна мускулатура.

Кифозите  во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања во растот. Кај повозрасната популација, најчеста причина за појава на кифоза е остеопорозата. Кифозите може да бидат и вродени, може да се појават како резултат на траума или како последица на хируршка интервенција.

Дијагноза

Најчесто пациентите се јавуваат на лекар откако ќе ја забележат карактеристичната искривеност на грбот. Она што е важно да го знае вашиот лекар е вашата семејна историја на болеста, кога за првпат го забележавте искривувањето, дали имате болка во грбот или некој друг проблем. Од дијагностичките процедури, лекарот ќе побара рендген снимка, магнетна резонанца, компјутерска томографија , за да се видат специфичните кривини на ’рбетот, невролошки испитувања за да се види дали постои притисок на некој од ’рбетните нерви.

Третман

Конзервативен

Првиот чекор вклучува вежби, земање лекови, носење специјални протези со кои се намалува болката, физиотерапија. Доколку причина за кифозата е остеопороза, тогаш треба да се контролира со цел да се забави процесот на искривување на ’рбетот.

Хируршки

Кифозата се третира хируршки доколку болката е силна, а искривувањето на ’рбетот е сè поинтензивно и прави оштетувања на ’рбетниот мозок. Хирургијата е единствена опција за успешна корекција на деформитетот. Доколку кифозата се забележи во периодот на раст, намалување на прогресијата на искривување може да се постигне со протеза.

Сподели: