Зачините во исхраната

Кога готвите храна често користете миризливи, ароматични и антиканцерогени зеленчуци, зачини, како што се кромидот, лукот, нането, магдоносот, рузмаринот, ѓумбирот, босилекот, куминот, анасонот и др. Освен што даваат убав вкус на јадењата, тие се многу корисни и за нашето здравје. Лековитата моќ се користела уште многу одамна, а денешните истражувања само го потврдиле нивното позитивно дејство.

Некои супстанции кои ги има во лукот, кромидот, празот го зајакнуваат имунолошкиот систем, го зголемуваат отстранувањето на канцерогени материи, предизвикуваат ензимите да ја потиснуваат пролиферацијата на туморни клетки, го намалуваат нивото на холестерол во серумот и го олеснуваат регулирањето на крвниот притисок.

Освен тоа, научно е докажано дека лукот ја убива бактеријата хеликобактер пилори, која предизвикува чир на желудникот и штити од многу видови канцер, главно вклучувајќи го и карциномот на желудникот. Се препорачува консумирање 2-3 чешниња лук секој ден.

Циметот е добар за регулирање на шеќерот, ѓумбирот против мачнини и болки во стомакот, слабеење и намалување на болките во мускулите, жалфијата за болното грло, болки во стомакот, карито е добро во борбата со Алцхајмерова болест, но го намалува ризикот од појава на канцер, а зачинот чили помага во слабеење, го намалува холестеролот и ја подобрува циркулацијата.

Доколку дома не ви се наоѓаат свежи билки, можете да користите и сушени билки или етерични масла. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!