Како да се заштитиме од опасноста на сончевите зраци

Луѓето се деца на сонцето и да, ние постоиме затоа што имаме и сонце. Но зошто во последно време зборуваме сѐ почесто за штетното влијание на сончевите зраци? Науката докажа дека претераното изложување на сонце може да има и штетни последици за човековото здравје. Имуносупресија, забрзано стареење на кожата, па дури и рак на кожата […]
Дали миомот на матка е причина за неплодност?

Жените сè почесто ја одложуваат репродукцијата во третата и четвртата декада со што прашањето за можното влијание на миомите врз неплодноста станува сè поактуелно. Д-р Клементина Кузеска, гинеколог-акушер, објаснува дека кај пациентките кои имаат миоми и истовремено имаат и проблем со неплодност, најважно е да се одреди локацијата, големината и бројот на миомите и соодносот […]
ИМУНОТЕРАПИЈА НОВА НАДЕЖ ВО ТРЕТМАНОТ НА МАЛИГНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

До неодамна најчесто користени третмани во лекувањето на малигните заболувања беа хирургијата, хемотерапијата и радиотерапијата. Но многу често при користење на хемотерапијата како избор на третман сведоци сме на изразени несакани секундарни ефекти на ниво на здравите клетки или, пак, со појава на резистентност на хемотерапијата. Имајќи го предвид ова, д-р Славица Кралева, онколог, објаснува […]
Интервју со д-р Сајковски на тема: Имунитети и алергии

Алергиите се клинички состојби на 21 век. Кои се причините за драматичното зголемување на бројката на деца со разни типови алергиски реакции? Зошто се зачестени алергиите кај децата од новите генерации? Точно е дека драматично се зголемува бројот на деца со разни типови алергиски реакции, примарно поради промената на концептот на живеење и исхрана. Она […]