„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПОДГОТВЕНА ДА ИЗВЕДУВА БУБРЕЖНА ТРАНСПЛАТАЦИЈА КАЈ ДЕЦА

На две или три деца годишно им треба трансплантација на бубрег во земјава, а сите се препраќаат на интервенции во странство. За жал, во Македонија ниту една приватна здравствена установа нема лиценца за да ги прави трансплантациите. Ова е дополнително тешко затоа што сепак и покрај неможноста да вршат трансплантации, во земјава има обучени доктори […]

НЕ ИГНОРИРАЈТЕ ГО ЗУЕЊЕТО ВО УШИТЕ СЕ ЈАВУВА КАЈ 85 ОТСТО ОД ПАЦИЕНТИТЕ СО НАМАЛЕН СЛУХ

Зуењето во ушите (тинитус) се објаснува како звучна сензација што вклучува зуење, ѕвонење, бучење, пиштење и тоа особено со високи фреквенции. Тинитусот е симптом, а не болест, но значително влијае на нормалното функционирање. Д-р Македонка Гарванлиева-Николова, оториноларинголог, вели дека кај некои луѓе е само на ниво на лесна иритација, но кај некого влијае на нормалното […]

ОД АКНИ НА ЛИЦЕТО ДО ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ БАКТЕРИИТЕ СОЗДАВААТ СЕРИОЗНИ КАРДИОИНФЕКЦИИ

Деветнаесетгодишник од Кавадарци заздравува добро по операцијата на срцето која му беше изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Млад човек стаса на операција поради навидум безопасна ситуација. Сепак исходот е добар, раскажува проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург. Кај момчето бил опериран залисток на срцето по утврдена инфекција на залистокот или ендокардитис, а која тој ја […]

АНЕСТЕЗИЈА КАЈ ДЕЦА ПОСТОЈАТ ЛИ РИЗИЦИ И КАКО СЕ ТРЕТИРААТ ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Под детска анестезија се под разбираат сите анестезиолошки постапки што се спроведуваат кај децата од нулти ден по раѓањето до 14-годишна возраст. Карактеристиките на детската анестезија произлегуваат од физиолошките специфичности на децата. Анестезиологот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ прим. д-р спец. Снежана Поповска, појаснува дека анестезијата кај деца е специфична и се разликува од адултната […]

РЕДОВНИОТ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД НЕОПХОДЕН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД СПОНТАНИ АБОРТУСИ

Спонтан абортус претставува ран губиток на бременоста пред 22. гестациска недела. Сепак, најголем дел, односно 80% од абортусите се случуваат до 12. недела од бременоста. Д-р Александар Бојаџиев, гинеколог акушер, објаснува дека генерално 12-15% од потврдените бремености завршуваат како спонтан абортус. Ризикот за ран губиток на бременоста се зголемува со возраста на жената. На 35-годишна […]

ПРИ СЕКОЈА БОЛКА ВО ВРАТОТ ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ДЕТАЛЕН НЕВРОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД БОЛКИТЕ ВО ВРАТОТ ПОМИНУВААТ ЗА 6 НЕДЕЛИ Вратниот сегмент на ‘рбетот е најдинамичниот сегмент од ‘рбетниот столб. Тука се изведуваат движења во сите правци: свиткување, истегнување, ротација, движење напред-назад, странични движења и најчесто комбинација од сите овие движења. Болките во вратот можат да бидат предизвикани од различни состојби. Како и кај други […]

РОТАВИРУС, САЛМОНЕЛА, ПАРАЗИТИ ЦРЕВНИТЕ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦАТА МОЖАТ ДА БИДАТ ФАТАЛНИ

Цревните инфекции кај децата се доста често заболување, а акутниот гастроентеритис е и една од главните причини за смртност кај децата, за жал. Д-р Наташа Чучкова-Никчевска, педијатар, вели дека годишно има 1,34 милиони смртни случаи кај деца помлади од 5 години токму поради ова причина, или приближно 15 отсто од сите смртни случаи кај деца […]

ЗНАЦИ ЗА ЗДРАВЈЕТО ШТО НИ ГИ ПОКАЖУВА КОЖАТА

Кожата како најголем човечки орган е единствениот начин на комуникација помеѓу нас и околината. Според дерматовенерологот д-р Весна Пљакоска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, невозможно е да го игнорираме најголемиот човеков орган – кожата и да научиме повеќе за нашето здравје преку знаците кои кожата ни ги покажува. Таа нагласува дека потењето е важно бидејќи […]

Децата имаат потреба од дополнителни витамини во лето

Имунитетот кај децата се гради од самото раѓање. Првите илјада дена од животот се клуч за добро здравје и правилен раст на детето, нагласува д-р Александар Сајковски, неонатолог-педијатар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Актуелната педијатриска наука сосема јасно дефинира дека новороденото дете се раѓа како имунокомпететно, но имунодефицитно битие. Д-р Сајковски вели дека како и […]

НЕ СРАМЕТЕ СЕ, ОДЕТЕ НА ДОКТОР СЕКОЈА СЕДМА ЖЕНА ИМА ПРОБЛЕМ СО МОКРЕЊЕТО

Жените сè почесто имаат проблем со мокрењето, а во просек секоја седма жена неконтролирано испушта дел од урината при напор – најчесто кашлање, физичка активност, побрзо одење. Иако е сè поприсутен проблем, малку од жените се охрабруваат да го споделат овој проблем , ниту, пак, одат на некаков вид на лекување. Се појавува во кое […]