Чести модринки и хематом – први знаци за тромбоцитопенија

Тромбоцитите се создаваат во коскената срцевина и преживуваат околу десетина дена во циркулацијата каде учествуваат во одржување на васкуларниот интегритет. Д-р Лилјана Хаџи Пецова, хематолог, објаснува дека нормално бројот на тромбоцити изнесува од 150.000-450.000 на микролитар крв, а тромбоцитопенија се дефинира како број на тромбоцити под 150.000. Како резултат на зголемена деструкција на тромбоцитите, коскената […]
Аномалии на матка

Секоја промена во формата и градбата на утерусот (матката) може неповолно да влијае на репродуктивната способност (неплодност) и репродуктивниот исход (абортус, предвремено породување, малпрезентација на плодот, застој во растот на плодот) објаснува д-р Клементина Кузеска, гинеколог-акушер, дел од тимот за асистирана репродукција. Аномалиите во формата и градбата на матката можат да бидат вродени и стекнати. […]
Ревматоиден артритис кај деца

Oток, болка и утринска вкочанетост на зафатените зглобови се главни симптоми по кои се препознава оваа болест. JИА или уште познат како хроничен јувенилен артритис е артритис на еден или повеќе зглобови кој се јавува на возраст под 16 години и трае најмалку 6 недели. Д-р Светлана Крстевска Блажевска, детски кардиолог, вели дека е најчеста […]
3D панорамска снимка на заби

Рендгенската снимка открива голем број болести на забите и околните ткива кои не можат да се видат при обичен стоматолошки преглед. Од состојбата на забите, корените, поставеноста на вилиците па сè до целокупниот состав до фацијалните коски. Според д-р Миле Марин, стоматолог, ова важно дијагностичко средство може да помогне да се утврди присуството или степенот […]
Акутен синузит

Во текот на зимските месеци се зголемува бројот на акутни горнореспираторни инфекции. Акутното воспаление на синусите, придружено со назална опструкција, засилена секреција, кашлица, болка и покачена телесна температура, може битно да влијае врз вашата здравствена состојба. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог, советува како да се заштитите од акутните воспаленија на параназалните синуси. Што се синуси? Синусите […]
Што се крие зад хроничната кашлица?

Хронична кашлица се нарекува секоја кашлица која трае подолго од 8 недели, односно од 4 недели кај деца. Таа е состојба која предизвикува не само непријатност туку во некои ситуации комплетно го нарушува нормалното живеење преку нарушување на сонот и доведува и до исцрпеност. Што ја предизвикува? Во некои случаи е особено тешко да се […]
Болки во раст

Понекогаш се случува мало дете (обично кога расте брзо) одеднаш да почувствува силна болка во нозете. Нема оток, нема црвенило, движењата се уредни, но детето кажува и покажува дека мускулите на нозете го болaт. Болката понекогаш е многу силна, така што малите деца плачат, дури може да ги разбуди од сон и целата ситуација да […]
За постот и здравата исхрана – Д-р Марјан Димитровски

Многу актуелна тема во последно време е здравата исхрана и здравиот начин на живеење. Во деновите кога се актуелни божиќните пости, кои се најдолги, заедно со велигденските, се наметнува прашањето дали постите се вклопуваат во здравиот начин на живеење и на здрава исхрана. Одредени категории луѓе не треба да се придржуваат кон строгите правила за […]
Интервенции на каротидни артерии

Стеснувањето и затнувањето на каротидните артерии (големи артерии на вратот кои го снабдуваат мозокот со крв) опфаќаат околу 30% од причини за настанување мозочен удар. Од посебно значење за појавата на мозочниот удар се промените во вратниот дел на артериите најчесто на местото на двоење на заедничката каротидна артерија во внатрешна и надворешна. Во Клиничката […]
Брза дијагноза на туберкулоза со Xpert MTB/RIF тест

Туберкулозата е системска заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Прогласена е за една од десетте топ водечки болести кои се причина за смрт глобално. Д–р Биљана Ќурчиќ, микробиолог, вели дека инфекцијата вообичаено ги зафаќа белите дробови, иако може да го зафати секој орган во телото. Се претпоставува дека 15–20% од сите дијагностицирани случаи на […]