Карцином на простата

За откривање на карциномот на простата во ран стадиум на болеста се препорачува скрининг на простата кај секој маж над 40-годишна возраст. Со возраста се зголемува и ризикот од карцином на простата. Што претставува? Простатата е жлезда со големина на орев и се наоѓа веднаш под мочниот меур. Има важна улога во машкиот репродуктивен систем. […]
Карцином на коскеното ткиво

Карциномите на коскеното ткиво може да се поделат во две групи: примарни и секундарни. Примарните карциноми се делат, пак, на бенигни и малигни, додека секундарните претставуваат метастатски промени во коскено-зглобното ткиво кои потекнуваат од други ткива и органи, најчесто бели дробови, дојка, бубрег и простата. Кои се симптомите? Најчесто, прв симптом за карцином на коскеното […]
Радиотерапија (терапија со јонизирачки зраци)

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники на зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво. Кај пациентите со примарни и секундарни тумори на `рбетниот столб и `рбетен мозок радиотерапијата се применува најчесто пред и по оперативната интервенција со цел да се добијат […]
Хемотерапија (терапија со лекови)

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во своите структури. Во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки лоцирани во `рбетниот столб или `рбетниот мозок со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми. Хемотерапија се применува пред оперативниот и по оперативниот период со цел […]
Микрохируршки интервенции

Во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ искусниот тим хирурзи успешно ги отстранува и помалку достапните тумори со минимален ризик од оштетување на нервите. Благодарение на софистицираниот микроскоп неврохирурзите може полесно да направат разлика од туморот и здравото ткиво и на тој начин да ги сведат на минимум компликациите по интервенцијата. Покрај туморите, микрохируршки се третира и […]
Интраоперативен неврофизиолошки мониторинг

Кај сите видови хируршки интервенции се користи неврофизиолошки мониторинг со што се овозможува прецизна локализација на нервите, нервните патишта и јадра во `рбетниот мозок. Благодарение на овој софистициран мониторинг, хирурзите имаат прецизна слика на `рбетниот мозок со што шансите за повреда на нервите и останатите структури се сведени на минимум.
Хируршко отстранување на инфекции

Потешки случаи на неспецифични (гнојни) и специфични (туберкулозни) инфекции на `рбетот се лекуваат со хируршки третман. Во текот на процедурата се отстранува инфицираниот дел од `рбетот до здраво ткиво. По ова се спроведува реконструкција и фиксација на `рбетниот столб. Полесните инфекции се решаваат по неоперативен пат, најчесто со антибиотици по антибиограм.
Третман на примарни и метастатски тумори на `рбетот

Голем број тумори од телото даваат метастази во `рбетот. Во третманот на туморите на `рбетот се применува онколошки, радиотерапевтски и хируршки третман. Туморите најчесто се лекуваат по оперативен пат бидејќи се екстра маса (туморска маса) која го разорува прешленот што е придружено со болка, а може да доведе и до патолошка фрактура, што предизвикува нестабилност на […]
Повреди на `рбетот

Акутните повреди на `рбетот, особено ако се придружени со повреди на `рбетниот мозок, претставуваат тежок хируршки проблем, кој последниве децении сè повеќе се актуелизира. Благодарение на искуството и мултидисциплинарниот пристап, во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ се лекуваат повреди на `рбетот и `рбетниот мозок, со што се овозможува безболна санација на фрактурата. Тука спаѓаат: дијагноза, […]
Хируршка корекција на сколиози и кифози

Во Спиналниот центар се изведуваат најсовремените хируршки техники во лекувањето на потешки случаи на сколиоза и кифоза. Овие интервенции најчесто се изведуваат кај децата (поретко во инфантилна фаза (1-3 години), а почесто во јувенилна и адолесцентна). Деформитетите поретко се јавуваат и кај возрасните како последица на понапреден дегенеративен процес. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има богато […]