ЕНДОМЕТРИОЗА – ПРИЧИНА ЗА НЕПЛОДНОСТ КАЈ ЖЕНИТЕ

Ендометриозата е дефинирана како нормална ендометријална лигавица неприродно имплантирана во секоја друга локација освен во празнинатa на матката. Со други зборови, се работи за болест кога слузницата на матката се појавува, расте и функционира надвор од телото на матката. Вака раселената и вгнездена слузница поминува низ сите фази на еден менструален циклус, исто како и […]

ТРЕТМАН НА ЈАЗЛИ НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА

Тироидната жлезда е мала ендокрина жлезда, со тежина од околу 20-30 грама, која е во форма на пеперутка и е сместена во средниот дел од вратот. Во неа се создаваат хормони што влијаат врз целокупниот метаболизам и енергетските процеси во телото. За да се создадат хормоните (Т3 или тријодтиронинот и Т4 или тироксинот), неопходно е […]

СЛАБОКРВНОСТА ГО ЗАБАВУВА ПСИХОМОТОРНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА

Главна улога на еритроцитите и хемоглобинот е транспорт на кислородот од белите дробови до сите клетки во организмот. Недостатокот на хемоглобин и/или недоволен број еритроцити ќе резултира со намалено снабдување на клетките со кислород и манифестирање на клиничките знаци на анемија. Доц. д-р мед. науки Билјана Чонеска-Јованова, педијатар хематоонколог, објаснува дека анемијата може да е […]

ЗОШТО Е ВАЖНО И ДЕЦАТА ДА ПРАВАТ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ?

Периодичниот систематски преглед е основа за редовно следење на здравјето на детето. Со редовните систематски прегледи на вашите деца, вие преземате превентивни чекори и спречувате вашето дете да се разболи. Прегледите се почести додека е детето помало, а бројот на посети на лекар се намалува со зголемување на возраста на детето. Децата во секоја фаза […]

КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ

УЛОГАТА НА КАРДИОАНЕСТЕЗИОЛОЗИТЕ ВО ПРЕДОПЕРАТИВНА ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТ Во светот на медицината, кардиохирургијата претставува една од најкомплексните и најризичните области. Во оваа област, улогата на кардиоанестезиологот е од клучно значење бидејќи хируршките техники напредуваат и пациентите со сложена медицинска историја стануваат сѐ почести. Прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, […]

ОСТЕОПОРОЗА – КОГА КОСКИТЕ ЈА ГУБАТ ГУСТИНАТА

Остеопорозата е прогресивно метаболичко заболување на коските кое ја намалува густината на коските, а тоа води до појава на скршеници по мала траума, особено на градните и слабинските прешлени, како и на подлактниците и особено колковите. Проф. д-р Татјана Миленковиќ, специјалист по ендокринологија, вели дека како резултат на остеопороза, во светот се случуваат до 37 […]

ПРАВИЛЕН ИЗБОР И УПОТРЕБА НА КРЕМ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР

Правилната употреба на кремoт за сончање е од суштинско значење за заштита на кожата од штетното влијание на ултравиолетовите зраци и го намалува ризикот од појава на изгореници, предвремено стареење и рак на кожата. Д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија, вели дека сонцето нѐ потсетува дека кремовите со заштитен фактор не се само естетска туку […]

БОЛКИ ВО ГРБОТ-ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Болката во грбот претставува аларм што укажува на одредено нарушување или патолошка состојба и е една од најчестите причини за пациентот да посети лекар. Кај секој пациент, таа е индивидуална и се разликува според интензитетот, времетраењето и периодот од денот кога се јавува. Д-р мед. науки Љупчо Николов, специјалист по трауматологија, вели дека болките во […]

СИНДРОМ НА НEРВОЗНО ДЕБЕЛО ЦРЕВО

КАКО ДА ГИ УБЛАЖИТЕ СИМПТОМИТЕ И ДА ГО ПОДОБРИТЕ НАЧИНОТ НА ЖИВОТ Иритабилниот цревен синдром (ИЦС) или познат како синдром на нервозно дебело црево е хронично функционално нарушување на гастроинтестиналниот тракт, кое се карактеризира со стомачна болка и промена во цревното празнење, без присуство на органска болест. Приближно 15% од возрасните и адолесцентите имаат некои […]

ПОЛИПИ ВО НОСНА ПРАЗНИНА

Носните полипи се бенигни, меки и безболни гроздести формации, кои може да се јават во носот или параназалните синуси. Во суштина, носните полипи се доста чести, застапени се кај околу 4% од населението и обично ги среќаваме кај лица од 30 до 40 години Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог, објаснува дека најчести причини за нивна појава […]