Спинална фузија

Спиналната фузија претставува процедура која ги третира нестабилностите на ’рбетот кои предизвикуваат болка и деформитети. Процедурата подразбира спојување на два или повеќе прешлени кои се фузираат во една коска. Фузијата ја намалува болката со тоа што го запира движењето во делот на ’рбетот кој ја предизвикува, а притоа на пациентот му овозможува да ужива во […]
Замена на диск

Замената на диск претставува алтернатива за традиционалната спинална фузија. Со оваа процедура оштетените, повредени или дегенеративни дискови се менуваат со вештачки.Вештачкиот диск е направен од полиетиленско јадро сместено меѓу завршетоци, кои, пак, се направени од легура од кобалт и хром. На овој начин, прешлените повторно се враќаат во својата првобитна положба, при што се заштитени […]
Перкутана вертебропластика

Вертебропластика претставува минимално инванзивна и исклучително ефикасна хируршка метода која се изведува кога имаме патолошка промена или фрактура на прешлен (компресивна остеопоротска фрактура, примарен бенигнен или малигнен тумор, секундарен депозит – метастаза). Целта на оваа интервенција е стабилизација или зајакнување на променетиот прешлен, како и брзо и најчесто комплетно обезболување. Веднаш по интервенцијата пациентите се […]
Дисцектомија

Една од најчестите процедури која се применува во хируршкиот третман на ’рбетот е дисцектомијата. При оваа процедура се отстранува дел од оштетениот диск кој врши притисок на нервот и предизвикува болка. Во оваа отворена хируршка интервенција, се отстранува дел од ламината (делот над спиналните нерви) на прешленот со цел да се обезбеди приод до спиналниот […]
Рана рехабилитација

Систем за дишење и длабока венска тромбоза: запушувањето на крвните садови во белите дробови е една од главните причини за смрт кај овие пациенти. Поради застој на крвта во вените, губиток на мускулна пумпа, зголемено згрутчување на крвта и оштетување на зидот на крвните садови, настанува создавање на тромби во крвната циркулација која може фатално да […]
Третман конзервативен

Прв чекор во лекувањето на проблемите со `рбетот е нехируршки третман. Овие третмани може да вклучат медикаментозна терапија, контрола на болката, имобилизација или физикална терапија. Сите овие услуги се достапни во Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Пристапот во дијагностиката и лекувањето на спиналната патологија секогаш е мултидисциплинарен. Ова е дел од тимот на […]