Амниоцентеза

Интервју д-р Митко Ивановски, спец. гинеколог-акушер од Клиничката болница Аџибадем Систина

Според податоци на Светската здравствена организација, дури 10 проценти од амбулантските и 20 проценти од сите болнички лекувани пациенти носат наследен фактор како причина за своите тегоби. Една од методите за рано откривање на дел од нив е и амниоцентезата, која насекаде низ светот се прави на доброволна основа и тоа уште за време на бременоста. Зашто ризикот од хромозомопатии, а пред се Даунов синдром, пополека се зголемува со возраста на мајката (парот). Кај 35 годишна жена ризикот е околу 1 од 200 новородени. Во повеќе земји стандардно се препорачува амниоцентеза кога идната мајка е на возраст на над 35 години. Во помал број земји, како на пример, Франција се препорачува над 38 годишна возраст.

За здрава детска насмевка

zdrava detska nasmevka

Колку порано започнете да се грижите за детските заби, толку поубава насмевка ќе има вашето дете кога ќе порасне. Грижата за забите почнува веднаш штом се појави првиот заб. Тие почнуваат да се појавуваат по шестиот месец од животот на бебето, и од тој момент четкањето на забите ќе биде ваша обврска се додека тоа не се научи само да ги мие запчињата. Практикувајте ја оваа секојдневна навика и вашето дете ќе има убава насмевка и здрави запчиња. За се што треба да знаете за хигиената на детските заби, одговор ни даде д-р Бљерта Зеќири Абдули, стоматолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Совети за блескави заби

1. Страв од стоматолог

Не плашете се да отидете на стоматолог. Само со редовни посети ќе имате здрави заби и бисерна насмевка. Доколку се плашите од самата помисла, нервозни сте и постојано ја одложувате посетата на стоматолог, на следниот преглед понесете со себе цд плеер со вашата омилена музика. Слушањето музика ќе ве опушти и релаксира. Дишете длабоко и ова е еден од начините како да се опуштите.

За добар зимски сон

Во текот на зимата потребни ни се 8-9 часа квалитетен одмор за обновување на силите, но не заборавајте дека сонот подолг од 10 часа може да му наштети на нашиот организам. За да се чувствуваме добро и во зима, мора да внимаваме на нашиот сон. Пред да си легнете проветрете ја собата во која спиете, потоа внимавајте на влажноста на воздухот и висината на перницата.  

Трнење на прстите

Трнењето на прстите на дланката или нозете укажува дека нешто не е в ред со вашиот организам. Но, не треба да оставите на времето, овој проблем може да биде сериозен. Помош од доктор треба да побарате доколку трнењето во прстите е континуирано и не запира, чувствувате болка, слабост и одземеност. Овие појави никако не треба да ги игнорирате доколку имате тикови, губите свест, ориентација, имате пречки во говорот или имате слаб вид. 

Тикови кај децата – постои ли причина за грижа?

Што се тикови, кога се јавуваат и како се делат?

Тиковите се ненадејни, повторувачки и ненамерни моторни движења на ист мускул или на група мускули, односно повторувачки вокални симптоми. Овие движења и вокализации се начин на ослободување од одредена внатрешна емоционална напнатост. Детето може на кратко да го супримира тикот, но тоа резултира со непријатност што се надминува со изведување на тикот. Моторните тикови се делат на: едноставни и сложени. Едноставните опфаќаат едноставни движења – трепкање, шмркање, подигање на рамениците, додека сложените или комплексните се состојат од серија моторни движења секогаш со ист редослед – на пример детето удира со едната нога, па потоа со другата нога, па потоа подрипнува. Во однос на времетраењето се делат на: транзиторни или минливи; хронични и Туретов синдром.

Време е за медитација!

Со медитацијата можете да го пронајдете вашиот внатрешен мир, да го исфрлите стресот, да го зголемите нивото на концентрација, будност, интелигенцијата и среќата, но и позитивно да влијаете врз здравјето

Честопати ја слушаме фразата – од понеделник ќе почнам да вежбам бидејќи вежбањето ме релаксира, ме ослободува од негативната енергија. И бидејќи на сите нам ни недостига слободно време, оваа обврска секогаш ја префрламе за некој следен понеделник, а стресот и негативната енергија се таложат во нас.

Релаксација за целото семејство

Најубавиот дел од денот е времето поминато со семејството. Еве неколку начини како забавно да го поминете времето со своите најблиски.

Антибиотиците не се бонбони!

Неконтролираната употреба на антибиотици е главна причина за отпорност на бактериите. И покрај овој факт, и понатаму се пијат антибиотици и во случаи на вирусни инфекции. Според д-р Душко Фидановски, педијатар, пациентите треба да бидат посовесни, и кога докторот нема да препише антибиотска терапија, да не посегнуваат на своја рака, посебно кога се работи за нивните деца.

Кога ќе дојде пубертетот

Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките промени, но секое дете се развива на свое темпо. Пубертетот обично почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. За момчиња, пак, пубертетот почнува од 10 до 14. Просечната возраст е 12-тата година.