Дочекајте ја подготвени студената зима

Витамините и минералите се хранливи материи кои мора да ги земаме преку исхраната бидејќи нашето тело не може да ги произведува. Тие му помагаат на нашето тело да функционира нормално.

Витамините се потребни за раст, развој и репродукција и се чувари на нашето здравје. Ги регулираат хемиските процеси во организмот и учествуваат во создавањето јаглехидрати, масти, протеини, како и енергија. Неопходни се и за синтеза на некои хормони.

Како да патувате без стрес за празниците?

Патување за време на новогодишните-празници

Да отпатувате некаде за време на празниците е голема радост за секој член од семејството. Но, за многумина од нас да се стигне на одредена локација е голем стрес. Пакување, подготовка на автомобилот за на пат, патни исправи, метеж во сообраќај, преполни аеродроми, зимски услови за патување.

Се за постот и здравата исхрана – Д-р Марјан Димитровски, кардиолог во клиничката болница „Аџибадем Систина”

Многу актуелна тема во последно време се здравата исхрана и здравиот начин на живеење. Во деновите кога започнуваат божиќните пости, кои се најдолги, заедно со велигденските, се наметнува прашањето дали постите се вклопуваат во здравиот начин на живеење и на здрава исхрана.

Според црквата, постот подразбира телесно и духовно прочистување. Телесниот пост, во потесна смисла на зборот, е воздржување од одредени видови храна во одредени денови и временски периоди.

Сочувајте го здравјето на срцето, внимавајте на холестеролот

Срцето е орган кој игра главна улога во телото на човекот. Одговорно е за протокот на крвта низ органите и клетките во организмот. За жал, токму заболувањата на срцето, особено коронарната артериска болест, се водечка причина за смртност во општата популација. Инфаркт на срцето, како и наглата срцева смрт можат да се случат без претходно да се манифестираат позначајни симптоми.

Oбојте го здравјето во боите на природата

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот, особено во зимскиот период.

Мали естетски тајни за големи промени

Иако ги одбројуваме последните денови од старата година, сѐ уште не е доцна да преземете нешто. Ви предлагаме неколку моќни третмани кои ќе дадат видливи ефекти за најлудата ноќ во годината. Бидете неодоливи и привлечни, добијте нов изглед со новата новогодишна програма на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Календар на вакцини

Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и целосна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.

Позитивни ефекти на масажата кај бебињата

Доколку сте се прашувале зошто педијатрите ве советуваат нежно да ги масирате своите бебиња, еве ги одговорите:

• Масажата го намалува стресот кај вашето бебе

• Го зајакнува имунолошкиот систем

• Ги насочува мозочните бранови во позитивна насока

• Го регулира дишењето и циркулацијата

Веганството кај децата е забрането – Интервју со д-р Александар Сајковски

Изборот на тоа дали некој ќе биде веган или вегетаријанец, која е полесна форма, е нешто што треба човек сам да го направи. Не може родителите да одлучуваат во името на децата, а не посебно кога нив им е неопходен внес на протеини кои вие со вегански тип на исхрана не можете да го постигнете.

Бронхитис кај децата во зима

Белите дробови на детето не се исти како кај возрасните. Од период на новороденче до возрасен, дијаметарот на бронхиите се зголемува за 2,8 пати. Зголемувањето почнува по втората година. Со терминот бронхит се означува транзиторно воспаление на луменот на бронхиите. Во детската возраст најчести се акутниот опструктивен и повторувачко опструктивниот бронхитис. Акутниот бронхитис  најчесто се јавува во зимскиот период. За најчестите прашања кои ги мачат родителите во врска со бронхитот одговор ни даде д-р Катерина Обочки, педијатар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.