Моќта на морската сол

Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Пред да ви откриеме некои од нејзините својства морате да го знаете податокот дека таа настанува како резултат на природните процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.
Што треба да знаете за Омега 3 масните киселини

Зошто се викаат добри масти?
Сите масти не се штетни. Омега 3 масните киселини се „добри“ масти. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде. Можете да ги внесете преку исхраната или да земате суплементи.
Постојат 3 типа Омега 3 масни киселини
Омега 3 мастите се јавуваат во три форми. DHA и EPA, кои може да ги внесете со конзумирање риба, се од големо значење за здравјето. Третиот тип, познат како ALA, се наоѓа во растителните масла, ленено семе, ореви и темно лиснат зеленчук како спанаќ.
10 начини како да се справите со стресот

1. Како ќе се справите со стресот, така и ќе се чувствувате. Кога ќе му го најдете вистинското место на стресот тогаш успешно ќе го регулирате и крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Одберете ја правилната техника за смирување со стресот.
2. Следниот пат кога ќе бидете пред нервен слом земете гума за џвакање. Истражувањата покажуваат дека џвакањето ја намалува анксиозноста, а ритмичкиот чин на џвакање може да го подобри протокот на крв во мозокот. Мирисот и вкусот на гумата за џвакање можат да ве релаксираат и опуштат.
Мажи како да го спречите предвременото стареење на кожата?

Што е предвремено стареење на кожата?
Предвременото стареење на кожата кај мажите значи неприродно забрзување на процесот на стареење. Причина за тоа е претераното изложување на сончева светлина (кај 90% причина за предвременото стареење е UV-зрачењето) и нездрав начин на живот (пушење, стрес или лоша исхрана). Овие фактори влијаат врз намалување на производството на колаген. Процесот на производство на нови клетки се забавува, додека мртвите клетки побавно се разградуваат.
Смути за детоксикација

Време е за детоксикација на телото. Масната храна, алкохолот, немањето време за физичка активност прават штетните токсини да завладеат со нашиот организам. Детоксикацијата на организмот не значи гладување и скратување на важните хранливи состојки туку да внимавате што внесувате. Ова се потребните состојки за вашиот рецепт за детоксикација:
Импотенција – пад на сексуалниот нагон

Статистиките покажуваат дека 5 до 20% од мажите во светот имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција, односно неспособност да воспостават и одржат ерекција доволна за сексуален однос. Д-р Александар Мицковски, хирург уролог од Клиничката болница “Аџибадем Систина“, објаснува кои се најчестите причини, симптоми и како се лекува еректилната функција.
Овошна салата со 4 вида овошје

Потребни состојки :
– 250 грама грозје без семки
– 250 грама исечкани парчиња од портокал
– 1 големо јаболко исечкано на парчиња
– 1 голема крушка исечкана на парчиња
Целијакија

Целијакија се нарекува состојбата кога нашиот организам не го поднесува глутенот – кој е составен дел од житариците, пченката, јачменот. Последица од оваа нетолеранција е глутенска ентеропатија што се манифестира кај некои луѓе со воспаление и оток на слузницата на тенкото црево, поради што е намалена ресорпцијата на храната.
Сè што треба да знаете за дијабетесот

Дијабетес мелитус, или кај народот позната како шеќерна болест, претставува најчеста хронична болест во светот. Како резултат на нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана, намалена физичка активност, секојдневен стрес, се зголемува и бројот на заболени од дијабетес. Што е дијабетес и како да ја превенирате оваа болест, разговаравме со проф. д-р Чедомир Димитрoвски, ендокринолог.
3.2.1 третман – златен стандард за проблемот со отворените пори

Револуционерен 3.2.1 третман за проблемот со отворените пори
Секој човек има отвори на кожата наречени пори преку кои кожата дише. Отворените пори се чест естетски проблем на лицето. Оваа појава е генетски условена и под влијание на гените секој од нас наследува одреден тип на кожа. Кај луѓето со кожни заболувања отворените пори знаат да бидат назначени и комбинирани со одредени плитки деформации на кожата. Најдоминантни се во делот на образите, бидејќи отворите во овој дел од кожата се пошироки. За третманот на отворените пори разговаравме со доктор Андреј Пертов, дерматолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.