Како да ги воспитате децата?

Кога станува збор за дисциплината на децата нема брз лек, ниту магија. Тоа е еден долг процес во кој вие континуирано мора да се вложувате и да работите со нив. Водете ги децата по патот на нивниот раст. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за добро воспитување:

Колку време да трае вашиот тренинг?

Денес многу луѓе обрнуваат внимание на својот изглед и тело. Сепак, оние кои се обидуваат да оформат и да ги зајакнат мускулите поминуваат часови и часови во вежбалниците. Доколку напорно работите на своето тело, а резултатите се незабележителни, тогаш најверојатно е време да се го намалите темпото. Еве зошто на телото му е потребен одмор и закрепнување по секоја вежба.

Воспалени мускули

Воспалението во мускулите може да биде резултат на три причини: замор, практикување на некоја необична активност и тренирање на само една мускулна група.

Кога е во прашање заморот, мускулите почнуваат да ве болат или за време на самата активност или непосредно по активноста. Доколку почувствувате болка, направете мала пауза или префрлете го напорот на друга мускулна група.

Необичната активност опфаќа поширок поим бидејќи се однесува на сите оние активности кои на вашето тело му делуваат „необично“ бидејќи не сте ги правеле подолг временски период. На пример, практикување на некој спорт по подолго време, но и изведување на некои вежби кои никогаш до сега не сте ги правеле. Воспалението се јавува од 12 до 72 часа по активноста. Дури и врвните спортисти можат да ги воспалат мускулите по интензивни тренинзи.

Есенски дар на вашата трпеза – Јапонско јаболко

Јапонското јаболко е витаминска бомба која ги задоволува потребите од витамини и минерали  кои на телото му се потребни во овој период од годината. Ова портокалово овошје кое потекнува од Кина изобилува со витамин А, Ц, бета комплекс, бета-каротен, ликопен, лутеинн, криптоксантин.  

Со внесување на потребните состојки со кои јаболкото изобилува нашиот организам се заштитува од актуелните настинки и грип. Редовното консумирање го зајакнува имунитетот.

Црвеното месо предизвикува срцеви заболувања

Заситените масти кои се наоѓаат во црвеното месо честопати се поврзуваат со појавата на срцеви заболувања. Новите истражувања откриваат дека мастите не се единствената причина за нивна појава.

Новите истражувања потврдуваат дека бактериите кои нормално ги има во црвената слузокожа го претвораат протеинот карнитин (кој го има во големи количини во црвеното месо) во материја што го забрзува процесот на стврднување и задебелување на ѕидовите на крвните садови.

Со ботокс против потење

Прекумерното потење, хиперхидроза, е состојба која почнува уште пред пубертетот, а потоа продолжува и се влошува. Ги зафаќа еднакво и мажите и жените. Овој тип на примарна хиперхидроза вообичаено е локализиран, ограничен на одреден дел од телото. Хиперхидрозата иако не е сериозна состојба, знае понекогаш да доведе до анксиозност или депресија, вознемирувајќи ја силно личноста. Освен примарната, постои и секундарна хиперхидроза, која е вообичаен знак на некоја болест.

8 зеленчуци за поздрав живот

Ако во вашата исхрана доминира зеленчукот, тогаш сте на вистинскиот пат до здрав и долг живот. Се прашувате кој зеленчук е најдобар избор за вас? Голем дел од зеленчуците претставуваат вистинска нутритивна бомба. Еве ги нашите топ 8 зеленчуци за оваа недела:

Време е за ПАП тест

Папаниколау (ПАП) тестот е едноставен и безболен метод со кој се зема материјал од грлото на матката и вагиналниот свод, истиот се нанесува на цитолошко стакленце, се фиксира и потоа се бои. Со микроскопска анализа на клетките можат да се откријат воспаленија, нивни предизвикувачи, бенигни и малигни клетки и други цитолошки промени. Со откривање на атипичните клетки на грлото на матката  се овозможува рана дијагноза и навремено лекување на премалигните промени, кои во спротивно би го загрозиле здравјето и животот на жената. Сè за ПАП-тестот ни објасни доктор Елизабета Матевска-Атанасовска, гинеколог акушер од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Повторно млади

Со текот на годините во пределот околу очите почнуваат да се јавуваат првите брчки, темни кругови и вреќички околу очите. Ова се првите знацина стареење на кожата. Пределот околу очите особено е чувствителен на климатските промени, сончевите зраци, смогот, ветрот… Ви предлагаме мала интервенција која носи голема промена.

Но брчки се прават и кога се смееме, се лутиме или трепкаме, а и кога не носиме очила за сонце кои ја штитат тенката кожа околу очите. Кожата во пределот на очите бара посебна нега и внимание, од причина што е многу осетлива и дури четири пати потенка од кожата на другите делови.

Гордо покажете ја вашата насмевка

Улогата на стоматологијата во подобрување на изгледот најчесто се потценува и погрешно се интерпретира. Денеска се достапни многу современи стоматолошки техники кои едноставно, лесно и безболно секому можат да му овозможат усогласеност, симетрија и природен изглед на неговите заби.

Насмевката е најважниот дел од вашето лице. Но, за жал не сакаат сите да ја покажат, а една од причините за тоа е т.н. појава гингивална насмевка или gummy smile. Затоа не чудете се зошто не можете да ги видите насмеани. Причина за тоа е што кога ќе се насмевнат, нивната горна усна се издигнува премногу високо, па освен забите се гледа и голем дел од непцето. До оваа појава најчесто доаѓа поради хиперактивност на мускулите на горната усна. Дополнителен проблем претставува доколку имате тенка горна усна која придонесува за поголемо изложување на горните непца. Ова може да пречи во професионалниот и социјалниот живот, но дали сте знаеле дека и некои холивудски ѕвезди, меѓу кои и Том Круз, го имаат овој проблем.