Неколку совети за „подвижно“ семејство

Дајте му важност на фитнесот и направете на сите да им биде возбудлив. Никој нема ни да знае дека се работи за вежба.

На децата и возрасните потребна им е физичката активност. Всушност, возрасните треба да вежбаат 150 минути неделно, а уште повеќе доколку сакаат да загубат некој килограм. Од друга страна, децата треба да бидат активни повеќе од 1 час дневно. Еве неколку совети за поголема семејна „подвижност“.

Живот со епилепсија

Последните истражувања потврдуваат  дека во светот бројот на пациенти со различни форми на епилепсија изнесува  околу 60 милиони. Епилепсијата е универзална болест, постои во секоја  земја и од неа може  да заболи секој човек. Иако во минатото ова беше болест карактеристична само за возрасните луѓе, денеска границата е значително спуштена. Нејзината појава  зависи од возраста, полот, расата, социјалните и географските фактори,развиени или неразвиени земји. Сè за класификацијата на болеста, епилептичните напади, како и дијагнозата и третманот на епилепсиите одговор ни даде специјалистот по неврологија д-р Татјана Чепреганова-Чанговска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

5 Митови и вистини за остеопорозата

За жал, многу луѓе за остеопорозата дознаваат откако ќе ја добијат првата фрактура на коските.

Остеопорозата е состојба која се карактеризира со намалување на густината на коскената маса. Ова доведува до намалување на цврстината на коските и појава на скршеници. Како што таа се развива, густината на коските се намалува и тие изгледаат како сунѓер. Бројот на заболени од оваа болест на светско ниво секојдневно се зголемува, па затоа неопходна е превенција. 

Храна која создава главоболки

Дали сте знаеле дека причина за главоболка може да биде и одреден вид храна? Понекогаш главоболките можат да бидат толку јаки и интензивни, па ќе мора да се откажете од секојдневните активности да останете дома. Причина за главоболка може да бидат одредени видови храна и пијалаци кои содржат посебни состојки како што се тирамин и деривати на глутаминска киселина. Овие состојки кај луѓето кои се склони кон главоболка може да предизвикаат ненадејни напади. Вакви состојки има во силното ферментирано сирење, црвеното вино,  понекогаш чоколадата, сувото овошје и белото вино. Дополнителна причина за главоболка може да биде и доколку нив ги консумирате во лето, кога е многу жешко. Освен набројаните видови храна, главоболка може да се појави и од млекото, јајцата и аперитивите.

Неколку добри совети за да ја вратите вашата енергија

Една стара поговорка вели „не е важно колку години имате, важно е како се чувствувате“. Но, што ако се чувствувате старо, уморено и пропаднато?

Заморот е состојба на која многумина, а особено оние во средната возраст, постојано се жалат. Постојат многу интересни и лесни начини за да ја подигнете вашата енергија. Некои од нив дури и го забавуваат процесот на стареење.

Неколку начини да го одржите здравјето на вашите дојки

Кога станува збор за младите жени и канцерот на дојка постои една добра и една лоша вест. Добрата вест е тоа што ризикот овие жени да заболат од оваа болест е помал отколку кај повозрасните жени. Лошата вест е тоа што, доколку се појави канцерот на оваа возраст, тој знае да биде  поагресивен.

Но, во секој случај, здравиот животен стил може да ви помогне во одржувањето на здравјето на вашите дојки.

Во прилог ви даваме неколку совети за да го одржите здравјето на вашите дојки:

Внимавајте на очите!

vnimavajte-na-ocite

Последиците од претерано изложување на очите на силното сонце се појавуваат многу години потоа и затоа треба секогаш да мислиме на очите. Интензивното изложување на сончевите зраци може да доведе до изгореници на спојницата на очите (конјуктива) и рожницата, кои од топлината можат да се исушат, да почнат да се лупат и силно да болат. Во такви околности окото е во грч и не може да се отвори. Таквата состојба, за среќа, со мирување и капки за очи поминува за ден-два. Но, сончевите зраци можат неповратно да ја оштетат внатрешноста на очите, леќата и очната позадина. За тоа не сме свесни бидејќи оштетувањата во внатрешноста на окото не доведуваат до болка.

Одредување на стадиумот на карциномот на дојка

Кога еднаш ќе ви биде дијагностициран карцином на дојка, следниот чекор е одредување на стадиумот, односно степенот на проширеност. Утврдувањето на стадиумот во кој се наоѓа карциномот може да помогне во прогнозите, како и во планот за  лекување. Некогаш не може да се одреди степенот на проширеност на карциномот додека пациентот не направи хируршка интервенција.

Не дозволувајте настинката и грипот да влезат во вашиот дом

Мијте ги рацете

Доколку оваа година имавте настинка или грип, вашите нечисти раце можеби се најголемиот виновник за тоа. Многу вируси се шират на овој начин. Со вашите прсти собирате бактерии, а потоа истите ги ставате во устата и очите.

Решение: Мијте ги добро и често вашите раце со сапун. Ова е главен начин за да се заштитите од настинката и грипот.

Ризик фактори за карцином на дојка

Ризик фактор за карцином на дојка е сѐ што претставува опасност за добивање на овој тип канцер. Но, доколку имате еден или повеќе ризик фактори за карцином на дојка, тоа не значи дека овој тип канцер ќе се развие кај вас. Некои жени немаат одредени ризик фактори за заболување од карцином на дојка освен фактот дека се жени, а тоа бездруго е еден од факторите.