Компирот извор на здравје

Компирот е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи околу 60 хранливи материи, витамини и минерали како калциум, бакар, цинк, железо, калиум, фосфор, но и витамини од типот на Б1, Б2, Б3, Б9. Исто така, тој содржи и витамин Ц, што ја подобрува апсорпцијата на железото, но и елементи кои се корисни за срцето.  Запомнете, во 100 грама компири има само 80 калории. Тој содржи и многу калиум, а има помалку калории од лебот, оризот и тестенините.

Дентално здравје и сува уста

Плунката е од особено значење за навлажнувањето и чистењето на устата и варењето на храната. Плунката, исто така, штити од инфекции со тоа што ги контролира бактериите и габите во устата. Кога не сме во состојба да произведеме доволно плунка, устата станува сува. Но, постојат разни методи на лекување на оваа состојба.

Кои се причините за „сува уста“?

Сок од брокула

Потребни состојки:

– 200 грама брокула
– 1 краставица
– 1 јаболко
– ¼ лимонов сок

Како да го забрзате метаболизмот?

Најверојатно, и претходно ја знаевте формулата дека  доколку сакате да ослабете треба да јадете помалку, да вежбате повеќе. Неколку едноставни промени во начинот на вашиот живот можат да ве доведат до целта, а ние ви ги претставуваме најефикасните.

Симптоми за карцином на дојка

Што е карцином на дојка?

По карциномот на кожа, карциномот  на дојка е најчесто дијагностициран кај женската популација. Може да се појави и кај мажите и кај жените, но кај жените е далеку пораспространет.

Предностите на лутата храна

Секој од нас ужива кога на трпезата ќе има нешто луто. Иако не треба да се консумира многу често, лутата храна има и свои предности. Таа помага при слабеењето, ја спречува појавата на карцином, го намалува крвниот притисок, го штити срцето, но и ослободува од стрес.

Лутите пиперчиња го штитат нашиот организам од кардиоваскуларни болести, но се корисни и за намалување на штетното влијание од лошиот холестерол.

Ве мачи несоница?

Вежбањето е важно за здравјето и може да ни го подобри квалитетот на нашиот сон, но, сепак, не треба да вежбате 3-4 часа пред спиење.  Температурата на телото се зголемува, работата на срцето се забрзува и телото е полно со енергија. Затоа доколку сакате да вежбате направете го тоа во друг дел од денот.

Седењето пред монитор или телевизор го отежнува сонот. Електронските апарати во лето дополнително го загреваат просторот и го оневозможуваат производството на хормонот мелатонин што го поттикнува сонот.

Полесно ќе заспиете доколку се истуширате со топла вода. Но, доколку се туширате или капете непосредно пред спиењето, тогаш направете го тоа еден час пред да си легнете. Така ќе му дозволите на телото да се излади.

Салата со леблебии и пченка

Потребни состојки:

– 2 ½ шолји зрна од пченка
– 2 лименки леблебии
– 3 шолји чери домати (пресечени на 4 дела)
– 1 исечкана зелена пиперка
– 1 исечкан мал црвен кромид
– 1 исечкана краставица

Причини за појава на карцином на дојка

Причината за појавата на ова заболување сѐ уште не е позната. Докторите велат дека карциномот на дојка се јавува кога некои клетки почнуваат да растат абнормално. Овие клетки се шират многу побрзо од здравите и се акумулираат формирајќи грутка или маса и истите можат да се рашират (метастазираат) низ дојката до лимфните јазли или до другите делови на телото.

Карциномот на дојка најчесто се формира или започнува во клетките кои се сместени во каналите за производство на млеко (инванзивен дуктален карцином). Карциномот на дојка, исто така, може да се формира во жлездените ткива, наречени лобули (инванзивен лобуларен карцином), или во другите клетки во дојката.

Здрави деца и во есен

Покачена температура, затнато носе, кашлица, секреција, воспалени крајници… иста слика и оваа есен. Октомври е месец кога настапуваат пониските температури и на сцена доаѓаат рино-вирусите, пара-инфлуенцата и адено вирозите. Овие вируси не се премногу опасни, но можат да бидат и затоа треба да се лекува навреме. За најчестите симптоми, детекцијата и превенцијата разговаравме со професор доктор Гордана Маческа Баџакова – педијатар, пулмоалерголог од клиничката болница „Аџибадем Систина“.