Одбројувањето почна

Се ближи денот кога, конечно, по девет месеци за првпат ќе го видитеи прегрнете вашето бебе. Кај некои жени во овој период се јавуваат отоци, раздразливост, умор. Но, набргу ќе дојде денот кога вие ќе станете мајка па сите проблеми во бременоста за вас ќе станат минато.

28. и 29. недела, почнува третиот триместар од бременоста

До последните недели бебето измокрува пола литар урина во плодовата вода и голта речиси исто толку плодова вода секој ден. Можеби звучи лошо, но, бебешката урина е совршено стерилна. Неделно во последниот триместар вашето бебе ќе ја зголемува својата тежина по 200 грама. 

5 прашања и одговори за остеоартритис

1. Што е остеоартритис?

Остеоартритисот претставува заболување при кое доаѓа до оштетување и трошење на ’рскавицата на коленото. Како резултат на ова доаѓа до контакт на коските на зглобот. Преголемото триење може да предизвика и болка, оток, вкочанетост, ограниченост при движењето кај народот познато како формирање шилци.

Воспаление на гласните жици – ларингитис

sistina

Лето е, а гласот ви е „фатен“ и не можете да зборувате. Причина за ова е ларингитисот. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања и одговори за ларингитисот:

Што е ларингитис?

Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор).

Копривата – дар од природата

sistina

Копривата е ефикасен лек за прочистување на крвта, но и силен борец против слабокрвноста  и опаѓањето на косата.

Оваа билка е бесплатна супер храна, со исклучително хранлива вредност и одличен извор на  витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими. Копривата помага при висок крвен притисок, анемија, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. За да ги искористите нејзините придобивки консумирајте ја свежа, бидејќи ако ја готвите таа губи дел од хранливите вредности.

10 совети како да го спречите стареењето на кожата

sistina

Без оглед на тоа колку години имате, битно е да обрнете внимание на својата кожа и никогаш да не дозволите таа да остари пред време. Не е важно дали имате 20, 25, 30 или 40 години, доколку не почнете веднаш да се грижите за вашата кожа, за неколку години ќе зажалите за тоа. Сите знаеме дека е подобро да ја спречите појавата на брчките отколку да ги лечите, но многу жени ги игнорираат советите од дерматолозите и не се грижат навреме за својата кожа.

Чувајте ги колената здрави!

Во мода секогаш се високите потпетици, но кога на улица ќе забележиме како некоја млада девојка се напрегнува да оди со нив всушност сфаќаме дека освен што е смешно е и напорно. Ако настрана ги тргнеме изгубената битка со грациозноста и секси чекорот, девојките и нивните најблиски треба сериозно да размислат за понатамошните последици по здравјето.

Кога да побарате помош од нефролог?

Кога ќе се спомене зборот нефрологија најчестата асоцијација е дијализа. Нефрологијата не е само дијализа, таа е медицинска дисциплина која се занимава со дијагноза и третман на голем број бубрежни заболувања, но и на заболувања кои не потекнуваат од бубрезите, а можат сериозно да им наштетат. Во продолжение ве советуваме кога треба да побарате помош од нефролог.

Дали домашното милениче може да ве заштити од алергии?

sistina

Сигурни сме дека последната работа која ќе ви дојде на памет е да купите милениче кога очекувате бебе. Но, замислете дека токму тоа може да го заштити вашето бебе од алергиите.

Колку и да ви звучи чудно, доколку чувате домашно милениче додека вашите деца се мали, тоа може да ги заштити и да ги направи поимуни од алергии од кучиња и мачки во подоцнежните години.

Што е ехокардиограм?

Ехокардиограмот се користи со цел да се направи проценка на целокупната функција на срцето. Со ехо тестот се испуштаат високофреквентни звучни бранови (ултразвук) кои се изведуваат со помош на специјална сонда која се поставува на градите. Резултатите за работата на срцевите валвули и комори веднаш се отчитуваат на монитор. Ехото најчесто се изведува во комбинација со доплер ултразвук и доплер во боја со цел да се пресмета дотокот на крв во срцевите валвули.

5 факти за мајчиното млеко

1. Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето, а доењето е единствен и незаменлив предуслов за негов правилен емотивен и физички развој.

2. Мајчиното млеко ги содржи сите хранливи материи кои се потребни за правилен раст и развој на бебето.

3. Антителата содржани во мајчиното млеко го зголемуваат имунолошкиот систем на бебето.