Децата со астма немаат зголемен ризик од коронавирусот, но не треба да ја прекинат инфламаторната терапија

Со бројка од 385 милиони регистрирани случаи, астмата со право се нарекува и епидемија на 21 век. Се работи за хронична болест на дишните патишта која се карактеризира со повторувачки епизоди на свирење и стегање во градите, отежнато дишење и кашлица. Сепак, детските пулмоалерголози смируваат, децата со алергија и астма не се во поголем ризик […]

ВИСОКИОТ ПРИТИСОК ПРИЧИНА ЗА СРЦЕВ УДАР, ПРОБЛЕМОТ СÈ ПОЧЕСТ КАЈ МЛАДИТЕ

Билион луѓе во светот имаат проблем со висок крвен притисок, а очекувањата се до 2025 година оваа бројка да порасне за 50%. Податоците покажуваат дека само една третина од нив се лекуваат, а добро регулиран крвен притисок имаат само 30% од сите лекувани. Покрај големиот број лица со дијагностициран висок притисок, алармантен е фактот што […]

НЕМА ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ЗА ТРУДНИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУС, ДОЕЊЕТО ДА НЕ СЕ ПРЕКИНУВА

Идните родители исправени пред најодговорната улога во животот во услови кога во светот е прогласена пандемија на коронавирус се соочуваат со низа прашања поврзани како со самата бременост, така и со грижата за новороденчето по неговото пристигнување на свет. Гинеколозите потенцираат дека досега не постојат докази дека бремените жени се во поголем ризик да развијат […]

Мајка ми беше спремна и срцето да ми го даде, а не, пак, бубрег – вели Дарко од Кавадарци, кому мајка му донираше бубрег

Дарко Митков од Кавадарци, 19-годишно момче, кое цели 18 години се соочуваше со тешката бубрежна болест, од шести март го започна новото поглавје во својот живот. Неговата мајка Јанка му донираше бубрег на клиниката „Аџибадем Атакен“ во Турција, по што тој ќе може да продолжи со нормален живот, без редовната дијализа, без секојдневните грижи и […]

Проверете се на време – од бенка до меланом!

Кај околу 50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја претканцерогена промена на кожата, a истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. Потекнува од клетките наречени меланоцити. Меланомот е отпорен […]

ГРИЖАТА ЗА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО ПАНДЕМИЈА ПРЕКУ ОНЛАЈН КОНСУЛТАЦИИ – НА СТОМАТОЛОГ САМО ВО ИТНИ СЛУЧАИ

Според извештаите и препораките на Светската здравствена организација, стоматолошката дејност во услови на пандемија на коронавирусот спаѓа во групата на ризични професии. Вршењето на стоматолошкитe интервенции е особено усложнето поради формирање аеросолни честички при работа во орофасцијалната регија на пациентот и близината дo самиот пациент. Ситните честички распрснaти во воздухот (аеросол) содржат микроорганизми и имаат […]

ДЕЦАТА СО ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА И БЕБИЊАТА ПОМАЛИ ОД ЕДНА ГОДИНА ПОИЗЛОЖЕНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Коронавирусот кај децата најчесто е асимптоматски, кај многу мал процент може да предизвика тешка форма на респираторна инфекција, но тоа не значи дека децата и бебињата се имуни на Ковид-19.  Д-р Душко Фидановски, специјалист по педијатрија и неонатологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, појаснува дека во најголем број случаи, околу 90%, Ковид-19 инфекцијата кај бебињата […]

Совети за справување со стрес за време на епидемија со коронавирус

Нормално е да се биде тажен, под стрес, збунет, исплашен или лут за време на криза. Контактирајте со вашите пријатели и семејството – разговорот со луѓето на кои им верувате може да помогне. Ако мора да седите дома, живејте здраво – соодветна исхрана, спиење, вежбање и социјални контакти со саканите дома или по e-пошта и телефон […]

Хранливи вредности на јајцето

Јајцата се толку хранливи што многу често се нарекуваат и „мултивитамин на природата“. Содржат антиоксиданси и моќни нутритиенти, кои се храна за мозокот. Изобилуваат со витамини, минерали, висококвалитетни протеини, добри масти и хранливи материи. Едно големо јајце содржи 9% од дневната препорачана доза витамин Б12 15% од дневната препорачана доза витамин Б2 7% од дневната […]

Д-Р МУРАТОВСКА СОВЕТУВА КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ПАЦИЕНТИТЕ СО НАРУШЕНА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Пандемијата со коронавирусот несомнено предизвика страв и паника кај лицата кои немаат здравствен проблем, а особено кај пациентите кои се соочуваат со одредено нарушување на здравјето. Во таа насока, со д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина и тироидолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ги одговоривме најчестите прашања за можното влијание на коронавирусот на пациентите […]