Болка во градите, знак за проблеми со срцето

Коронарната артериска болест или исхемичната срцева болест е најчест облик на кардиоваскуларна болест. Во повеќето случаи се јавува со симптом на градна болка која е најчесто локализирана зад градната коска и која се шири кон рамената, левата рака, грбот, вратот или вилицата. Најчесто болката е во вид на стегање, но може да е и во […]

Разладување со храна

Живата на термометарот расте. Прво по што посегате се ладните газирани пијалаци и далечинското од вашиот клима уред. Но, треба да внимавате, брзото разладување може да доведе до спротивен ефект. За да се чувствувате пријатно и освежени во лето потребна ви е полесна исхрана и многу хидратација. Како да ги преживеете летните температури, совет побаравме […]

Воспаленото уво може да ви го уништи одморот

Летните месеци се период на годишни одмори, период кога сите уживаме во топлото време, а пливањето е една од нашите омилени активности. Преголемото количество влага во слушниот канал, во комбинација со малите гребнатинки на кожата на каналот кои ги предизвикуваме при чепкање на ушите со памучни стапчиња или различни предмети создаваат идеални услови за развој на воспаление.
Пред поаѓање на годишен одмор, посетете го вашиот оториноларинголог. Тој ќе ја провери состојбата на вашите уши и ќе ви даде практични совети како да се заштитите од несакани инфекции кои можат да ви го искомплицираат годишниот одмор.

Што да очекувате по коронарно стентирање?

Стентирањето на коронарните артерии претставува модерен начин на решавање на недоволното крвоснабдување на срцевиот мускул, а кое најчесто е последица на атеросклеротични промени на артериите. Коронарната артериска болест, а особено напреднатиот стадиум на атеросклероза се рефлектира на целокупното здравје на организмот. Кога е потребно да се направи стентирање? Д-р Жарко Христовски, кардиолог, вели дека врз […]

Совети како да се справите со екстремно високите температури

Во следните неколку дена територијата на Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол бран, а температурите ќе достигнат и над 40 степени. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат да не се излегува на отворено од 10 до 17 часот, да се пијат големи количини течности, да се внимава во изборот на храна и облека. […]

Кохлеарни импланти – водич за родители

Секој родител сака неговото дете да се развие со цел негов потенцијал. Ако родителот открие дека неговото дете не слуша, делува поразувачки. Но, добра вест е што има решение. Со вистински третман рано во животот, повеќето од децата што се глуви имаат можност да слушаат и да се развиваат нормално. Дури и децата со тотална глувост можат да се вклучат во општеството што слуша, да одат во нормално училиште, да читаат, зборуваат, користат телефон и да уживаат во музиката.

Првите 5 дена по раѓањето клучни за адаптација на бебето

Со чинот на раѓањето и пресекувањето на папочната врвка се случува само физичко одделување на новороденчето од мајката. Но, симбиозата мајка-дете трае во текот на целиот живот, а особено е потребна во првите денови. За да се спречи наглото одвојување од мајката и да се намали стресот и за мајката и за бебето, неонатолозите советуваат […]

Зошто срцето ми чука забрзано?

Нормалната срцева фреквенција во мир е помеѓу 60 и 95 удари во минута. Срцев ритам помал од 60 удари во минута е срцева брадикардија, кoја претставува нормален ритам кај активни или поранешни спортисти. Срцев ритам поголем од 100 удари во минута без физичка активност е срцева тахикардија која во некои случаи бара консултација со кардиолог. […]

Воспалено слепо црево – најчеста за причина интервенција кај децата

Воспалението на слепо црево (апендицитис) претставува најчестата итна абдоминална состојба кај децата за чие решавање е неопходен итен оперативен третман. Д-р Ристо Симеонов, детски хирург, вели дека иако апендицитисот е редок кај доенчињата, неговата инциденција континуирано се зголемува во текот на детскиот период и го достигнува својот пик помеѓу 15. и 25. година од животот […]

Од поленски алергии страдаат сè помали деца

„Доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот. Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код“, вели проф. д-р Гордана Маческа-Баџакова, педијатар-пулмоалерголог. Како што […]