Д-р Џенгис Јашар: Kанцерот не е ништо друго освен пад на имунитетниот систем

„Секој од нас интуитивно знае што е најдобро за неговиот организам, а кога ќе се направи тест за интолеранција на храна обично излегува дека токму онаа храна која интуитивно сме ја одбивале е таа на која нашиот организам е интолерантен. Сепак, она што е најважно е да се јаде умерено, бидејќи не може да се каже дека нешто е […]
Аерозагадувањето е поттикнувачки фактор за многу заболувања

Повеќе од 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија поради загадениот воздух! Алармантните бројки, аерозагадувањето го прават “тивок убиец”, рамо до рамо со другите тешки заболувања. Бројките се уште пострашни на светско ниво. Според Светската здравствена организација, аерозагадувањето за една година убива околу пет милиони луѓе глобално. Проценките се дека од десет луѓе, само еден дише […]
ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА КАРЛИЧНАТА БОЛКА?

Карличната болка е најтежок симптом за лекарот. Истата може да биде акутна и хронична. Причините за карличната болка се различни и може да се комплицираат со слични, а понекогаш и со исти симптоми како симптомите на гастроинтестиналните, урогениталните, мускулоскелетните и психолошките органи. АКУТНА КАРЛИЧНА БОЛКА Д-р Ана Кацарска, гинеколог-акушер, објаснува дека акутната болка во карлицата […]
Причина за чести уринарни инфекции – везикоуретерален рефлукс

Уринарната инфекција се дефинира како инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт или присуство на сигнификантен број на бактерии во урината. Кај новороденче и лесно покачена температура и симптоми како вознемиреност, грчеви, плачливост, намален апетит може да се знак за почеток на уринарна инфекција. Честопати кај децата со чести уринарни инфекции причината е вродена […]
Анестезија кај деца – што треба да знаат родителите?

Познат е фактот дека подготвените деца подобро го поднесуваат престојот во болница. Но пред да почне родителот да го подготвува детето, потребно е и самиот да разбере што е можно повеќе за анестезиолошките постапки. Најдобри информации ќе добие од самиот анестезиолог кој ќе ја дава анестезијата. Ставот на родителот е особено важен. Ништо не може […]
Над 350 милиони луѓе во светот заболени од дијабетес

Шеќерната болест незапирливо се шири во речиси сите земји во светот. Според некои проценки, во моментов бројот на заболени изнесувa околу 387 милиони луѓе, a во 2035 година таа бројка се очекува да се покачи на фрапантни 600 милиони. До 2030 година 1 од 10 возрасни ќе боледува од дијабетес. Минатата година во светот починале околу 5 милиони луѓе од дијабетес и неговите компликации. Според IDF (Интернационална дијабетолошка федерација), Македонија е една од земјите со висока преваленција на болеста, од околу 10%. Тоа значи дека во земјава имаме околу 150.000 до 200.000 заболени од дијабетес. На најчестите прашања за дијабетесот разговаравме со проф. д-р Чедомир Димитровски, ендокринолог.
Револуционерен третман на зголемена простата

Простата е дел од репродуктивниот систем на мажот. Ако во младоста и во зрелото доба таа е дел од сексуалностa на мажот, во поодминатите години на животот таа станува неодминлив здравствен проблем безмалку на секој маж. Токму поради ова грижата на мажот за оваа мала жлезда во форма на костен, сместена под мочниот меур, чија улога е да лачи бистар „сок“ кој е дел од семената течност при ејакулација, е оправдана. На најчесто поставуваните прашања за проблемот со зголемена простата разговаравме со проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Топ 5 здравствени прегледи за мажи

Да ги натерате мажите да одат на лекар е многу тешко. Тука се истражувањата да го потврдат истото. Според нив, ретко кој маж одлучил да појде на доктор за да го провери своето здравје. Драги мажи, запомнете, вредноста и квалитетот на секој превентивен преглед се состои во тоа да ги дијагностицира болестите навреме, како и да ви понуди препораки за промена на животниот стил, навиките, начинот на исхрана и да ви посочи патеки за поуспешно „управување“ со вашето здравје. Докторите од „Аџибадем Систина“ советуваат кои прегледи задолжително мора да ги направи секој маж.
Миењето на раце го чува вашето здравје

Миењето раце е најлесниот начин да се заштитите од инфекција. Тоа е еден од најдобрите начини да се спречат болестите и нивното ширење. За да ги измиете рацете потребно е само сапун и чиста вода или средство за дезинфекција на раце на база на алкохол – средство кое се употребува без вода.
Кога треба да ги миете рацете?
Со допирањето на луѓе, површини и предмети во текот на денот бактериите се пренесуваат на рацете. Со микроорганизми можете да се инфицирате доколку ги допрете очите, носот или устата. Иако е невозможно да ги избегнувате целосно бактериите, доколку ги миете често рацете можете да се заштитите од бактериите, вирусите и другите микроорганизми.
Интервју со д-р Марјан Димитровски, кардиолог – Кардиоваскуларните болести се епидемија на 21.век

Зошто сè почесто се зборува за кардиоваскуларните заболувања и зошто е зголемен трендот на нивна појава?
Кардиоваскуларните болести се болести на срцето и на циркулаторниот систем и според клиничките манифестации може да се поделат како болести на срце или исхемични болести на срце, цереброваскуларни болести и болести на периферната циркулација. Според овие клинички манифестации имаме и различни симптоми. Фрапантните бројки на пациенти кои секојдневно се дијагностицираат со болест на кардиоваскуларниот систем е аларм дека мора да се направат напори за намалување на појавата на истите. Повеќе од 50 % од светската смртност отпаѓа на овие болести, околу 17 милиони годишно пациенти умираат од кардиоваскуларни болести во светот или во Европа околу 6 милиони годишно.