Имобилизација и транспорт кај најчестите трауми

Секојдневно сме сведоци на повредени во сообраќајни незгоди, незгоди при спорт, незгоди при планинарење, незгоди при секојдневните активности во домот и на работното место. Често при тие повреди доаѓа до повреди – фрактури на коскените структури на човековото тело. Д-р Даниел Јакимоски, хирург, вели дека трауматските повреди се на трето место по смртност во светот, […]
Не можете да забремените? – Проверете ја тироидната жлезда

Оваа жлезда со изглед на пеперутка сместена на предната страна на вратот е одговорна за лачење хормони кои го регулираат метаболизмот. Нивното оптимално ниво влијае на функцијата на кардиоваскуларниот, респираторниот и нервниот систем, на системот на органите за варење, но има и големо значење за правилно функционирање на репродуктивниот ситем т. е. на половите хормони. […]
проф. д-р Александар Николиќ: Со вградувањето на вештачко срце докажавме како болница дека сме спремни за врвни дострели во кардиохирургијата!

“Вградувањето на вештачко срце е голем чекор за македонската кардиохирургија и целиот здравствен систем воопшто. Сега отвораме простор и други пациенти да добијат вештачко срце, што ќе им го продолжи животот додека не најдат донор на срце. Оваа интервенција треба да значи почеток и на други работи што треба да се случуваат во земјава, како […]
Сидеропенична анемија – анемија поради дефицит на железо

Анемија или слабокрвност е намалување на масата на црвените крвни клетки и е најчесто нарушување на крвта. Улогата на еритроцитите е транспорт на кислородот од белите дробови до ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата до белите дробови. Тоа се постигнува со помош на хемоглобинот (Hb), тетрамерен протеин. Д-р Виолета Филипче Дирјанска, шеф на Дијагностички лаборатории, […]
Магнетна резонанца на фетус – безбедна метода за откривање аномалии кај плодот

Магнетната резонанца (МРИ) на фетус претставува иследување што се користи за евалуација на вродените аномалии и последователни компликации на фетусот. Снимката дава прецизен, детален приказ на фетусот, детектира суптилни аномалии, како и комплексни аномалии на плодот. Со тоа се отфрла или потврдува сомнението дадено со ултразвучниот преглед, што е важно за понатамошно менаџирање на бременоста. […]
Краниофацијални деформитети – реконструктивна ортогнатна хирургија

Реконструктивна ортогнатна хирургија е специјализирана гранка на максилофацијалната хирургија во чиј хируршки третман се диспропорциите на горната и долната вилица, брада, јаболчни и носни коски со цел да се промени нивната неусогласеност и позицијата за подобрување на функциите на орофацијалниот комплекс, правилен сооднос на горната и долната вилица со забите, нормооклузија и артикулација, правилен сооднос […]
Повреди на глава кај деца

Децата се често изложени на повреди на главата поради разиграноста и нивниот темперамент. Повредите се случуваат при играње, одење, трчање. Обично настануваат во домашни услови, можат да се удрат на делови од мебелот, да паднат на под и сл. Сосема е разбирливо дека тоа се случува почесто во раната детска возраст. Тоа е дел од […]
TAVI – замена на срцевиот залисток без рез

TAVI е една од најновите кардиохируршки интервенции со кои се заменува оштетениот аортен залисток без да се отвори градниот кош. Тоа за пациентот значи пократок болнички престој, побрзо заздравување и минимална можност за компликации. По интервенцијата, пациентите немаат потреба да пијат антикоагулантна терапија. Повеќе информации за оваа револуционерна интервенција ни кажува проф. д-р Александар Николиќ, […]
Што е ERCP?

Златен стандард во дијагноза и третман на болести на жолчното кесе, жолчните патишта и панкреасот ERCP (ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија) претставува неоперативна инванзивна ендоскопска процедура која се користи за дијагноза и третман на заболувања на жолчното кесе, жолчните патишта и панкреасот (билиарно-панкреатичниот систем). Д-р Димитар Трајков, гастроентерохепатолог, вели дека во последната деценија ERCP примарно се користи […]
Чир на желудник и дванаесетпалечното црево

Најчест симптом е печење или болка во пределот помеѓу градите и стомакот. Типично болката е поинтензивна кога желудникот е празен, а може да трае од неколку минути до неколку часа. Чирот на желудникот и дванаесетпалечното црево (дуоденум) претставува ограничено оштетување на слузницата која е во постојан контакт со желудочната киселина и ензимите. Самото оштетување може […]