Цисти на јајчници

Најголем дел од жените ќе се сретнат со некој вид цистична промена на јајчникот во одреден период од својот живот, без да почувствуваат одредени симптоми. Најчести се функционалните цисти, кои се создаваат како последица на нарушување на нормалните циклични промени во јајчниците и во овулацијата. Настануваат доколку нормалните фоликули не успеат да прснат во текот на овулацијата, при што течноста останува и фоликулот продолжува да расте, со што настанува перзистентна фоликуларна циста. Според д-р Бобан Сарџовски, гинеколог акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, тие вообичаено исчезнуваат без никаков третман за неколку недели до неколку месеци.
Како влијае стресот на нашиот организам?

Стресот е секојдневие, нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Повремениот стрес е составен дел од нашите животи, но постојаната изложеност на стрес може да остави сериозни последици по организмот. Во продолжение прочитајте какви реакции може да предизвика на организмот…
Д-р Слободан Лазаревски – Сѐ повеќе жени под 30 години треба да замрзнат јајце-клетки

Уште со првите гинеколошки прегледи кај младите девојки треба да се прави и функционална проценка на резервите на јајниците, препорачува доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, најуспешниот центар за ин витро во регионот. Неколку илјади нови бебиња создаде тимот доктори од Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ при клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие донесоа среќа во семејства низ целиот свет, на родители кои успеале уште од прв обид за ин витро, но и кај такви чија упорност ги терала одново и одново да се обидуваат додека не добијат бебе. Статистиката на Одделот за ин витро фертилизација (ИВФ) повеќе од една деценија е еднаква со светскиот просек – над од 12.000 циклуси, 4.500 живородени деца и клиничка бременост над 55 отсто.
Кои се задачите на медицинската сестра?

За време на вашата хоспитализација медицинската сестра е важен член на медицинскиот тим кој е задолжен за вашето здравје и безбедност. Професионалната грижа и нега на пациентите се нивно секојдневие. Низ годините се воведуваат нови протоколи на третман и здравствена грижа за пациентите, нови технологии, нови современи услови за работа. Но, хуманоста и желбата да се помогне на секој пациент се нераскинлив дел од оваа професија. Одговорноста и посветеноста кон пациентите се најбитниот сегмент на оваа професија. Задачата на медицинската сестра е секојдневно да го следи развојот на состојбата на пациентот, навремено да ги идентификува можните ризици, да подготвува терапија и е тука за него во секое време.
И мобилните телефони може да направат алергиски реакции, но на метал

Алергиските заболувања и во Македонија добиваат размери на епидемија, а во Европа, на пример, секој втор човек има некој облик на алергија. Експертите алармираат дека до 2021 година речиси секој, и тоа уште од раѓање, ќе има проблеми со алергија. Според д-р Kамелија Бушљетиќ, пулмоалерголог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, алергиите се зголемуваат и поради современиот начин на живот.
Стоматолошки совети – пред и по вадење заб

Насмевката е првиот впечаток на вашето лице. За да имате совршен изглед таа мора да биде здрава, сјајна и блескава. Но, доколку некој од забите се расипе и не постои друг начин да се спаси, неопходно е забот да се извади. Пред и по вадењето на забот потребна е правилна и соодветна нега, за побрзо зараснување и намалување на ризикот од компликации Стоматолозите советуваат да внимавате на следниве неколку совети:
ПЕТ-центарот во „Аџибадем Систина“ е зрак надеж за болните од рак

Овој ПЕТ-центар е единствен во Македонија и во регионот и дава врвна грижа по строги светски стандарди. ПЕТ/КТ е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, се планираат радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Пред три години имаше 200 пациенти, сега има 1.000 пациенти.
Промена на бенките аларм за меланом

Кај околу 50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја претканцерогена промена на кожата, a истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. Потекнува од клетките наречени меланоцити. Меланомот е отпорен на зрачење, а хемотерапијата има ограничена улога во неговото лекување, па за да се има добра прогноза неопходна е на времено дијагностицирање, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Астма во бременост

Неконтролираната астма во периодот на бременост може да доведе до намалување на протокот на кислород до плодот, ризик од раѓање бебе со мала телесна тежина и забавен раст. Кај мајката може да доведе до прееклампсија, проблеми со плацентата и покачен крвен притисок. Астмата е проблем со кој се среќава голем број од популацијата, вклучувајќи ги и трудниците.
Третман на кардиоваскуларни болести со хибридни интервенции

Глобалниот тренд во медицината да – се постигне максимален ефект со минимален ризик, особено се однесува на кардиологијата, кардиохирургијата и васкуларната хирургија. Тоа подразбира пациентот да се изложи на минимален ризик, а да се постигне максимален дијагностички и терапевтски ефект. Според д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во последните 30 години интервентната кардиологија на многу помалку агресивен начин решава проблеми кои претходно беа третирани од хирург.