Хидротерапија – Почувствувајте ги благодетите на водата

Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се кристи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Примената на терапевтското дејство на водата има корени уште од старите римјани, кога и природонаучниците Гален и Целзиус ги оставиле првите пишани документи за дејството на топлата и ладната вода врз организмот.
Третман на ревматоиден артритис

Со медикаментозна терапија за ревматоиден артритис може да се забави напредокот на болеста. Хируршкиот третман е индициран кај пациенти со сериозни оштетувања на зглобовите. Во случаи кога не е можно да се направи биолошка операција на коски и меки ткива, се изведува артропластика или целосна замена на зглобовите, најчесто на поголемите зглобови.
Развод и деца – како да им помогнете по разделбата

Разводот е помеѓу возрасните, но распадот на бракот може да има длабоки ефекти и врз децата. Помогнете му на вашето дете да одржи силна врска и љубов со другиот родител бидејќи поддршката од двајцата родители е најдобриот и најбезболен начин вашето дете да ги прифати предизвиците од разводот.
Д-р Анета Демерџиева, педијатар ви дава неколку совети како да му помогнете на вашето дете:
Општа слабост и замор – најчести симптоми за недостиг на витамин Б12

Витаминот Б12 ја зголемува енергијата, го подобрува целокупното здравје и помага побрзо да го намалите вишокот килограми. Има важна улога во создавањето на ДНК, нервните и крвните клетки. Од особено значење е за нормална функција на мозокот и имунолошкиот систем. Единствен извор на витаминот е храна од животинско потекло како јајца, месо, школки и млечни производи. За најбогат извор се сметаат рибата и месото.
Хеликобактер пилори – главен виновник за карциномот на желудник

Карциномот на желудник потекнува од внатрешната слузокожа на желудникот. Болеста почнува тивко и бавно, без одредени специфични симптоми на почетокот. Често овој вид карцином е асоциран со инфекција со хеликобактер пилори, која живее во гастричната слузница и се пренесува орално. Според Светската здравствена организација, оваа бактерија е главниот виновник или број еден карциноген во појавата на карциномот на желудник. За најчестите симптоми, дијагнозата и третманот разговаравме со д-р Владимир Аврамовски, специјалист по дигестивна хирургија.
Д-р Маја Каличанин: Седењето во W положба ги ослабнува моториката и мускулатурата на децата (ИНТЕРВЈУ)

Несвесно низ игра децата честопати ноџињата ги поставуваат во W положба (познато како „frog leg“, седење како жаба), а родителите веднаш реагираат и ги преместуваат во друга позиција. Што всушност се случува со телото поставено во оваа положба, дали е строго забрането седењето во W положба и како правилно да ги седнуваме децата објаснува д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед од „Аџибадем Систина“.
7-те знаци на карцином на грло на матка

Цервикалниот карцином кој може да биде причина за смртност кај женската популација може да биде излекуван доколку се открие навреме.
Најчеста причина за овој тип карцином е инфекцијата со Хуман папилома вирусот (ХПВ). Одредени типови на ХПВ вируси се одговорни за брзото проширување на карциномот. Иако знаците на цервикалниот канцер не се толку очигледни, сепак треба да ги следите сите промени кои може да биде предзнак на болеста. Разговарајте со вашиот гинеколог доколку ги забележите.
Невромониторинг за безбедна операција

Невромониторинг е процедура за следење на функционалната состојба на мозокот, `рбетниот мозок и периферните нерви за време на хируршки интервенции. Д-р Милчо Демерџиев, невролог, објаснува дека целта на невромониторингот е да се следи функцијата на нервниот систем за време на хируршки интервенции за да се намалат ризиците од повреди на нервно ткиво.
Веднаш упатете се на лекар при повреда на снегот

„Ако имате скршеница, по падот нема да можете да станете и згазнете со ногата или да ја движите раката. Доколку станете и продолжите да одите без проблем или без проблем можете да ја движите раката, најчесто се работи за истегнување (дисторзија) лигаменти. Оток и болка можат да се јават при лесни повреди и скршеница, но сигурни знаци за скршеница се патолошка подвижност, деформитети и крцкање (крепитации)“, вели проф. д-р Јордан Савески, трауматолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“
На лизгавите подлоги движете се како пингвин

Снегот претставува пријатно зимско задоволство. Но, тоа не е случај ако го има на тротоарите и улиците. Спречете ги падовите со одредени тактики на одење и неопходната зимска опрема, а ако веќе се случи да паднете, научете како треба да паднете за да спречите посериозни повреди или скршеници.