Вирусно воспаление на тироидната жлезда

Субакутниот тироидит претставува воспаление на тироидната жлезда предизвикано од вируси. Кај најголем број од пациентите пред појавата на тироидитот најчесто претходи некоја респираторна инфекција на горните дишни патишта. Д-р Билјана Црцарева, специјалист по нуклеарна медицина, објаснува дека на почетокот на заболувањето се јавуваат знаци на виремија, односно кај пациентот се јавува општа слабост, болки во мускулите и потење за некој ден подоцна како главен симптом да се јави болка во предел на вратот, односно во предел на тироидната жлезда.

Рехабилитација кај мултипна склероза

Рехабилитацскиот процес има за цел да ја одржи и подобри функцијата на телото. Од моментот на поставување на дијагнозата се спроведува едукација и третман со кој се унапредува здравјето и се подобрува кондицијата, се намалува заморот, а со тоа се олеснува функционирањето во секојдневниот живот. Во случаите на прогресивна мултипна склероза се врши редукција за самозгрижување, како на пример, облекување, пишување, извршување на активностите во домот. Рехабилитацијата претставува неизоставен дел од целокупниот процес на третирање на мултипна склероза и подобрување на квалитетот на живот. Се состои од неколку компоненти кои опфаќаат: физикална терапија, окупациона терапија, терапија за потешкотии со говорот, когнитивна рехабилитација и професионална рехабилитација.

Инфекции во бременоста и нивен третман

Инфекциите кои се појавуваат во бременоста можат да поминат незабележано, но можат и да направат оштетувања како на плодот така и на здравјето на идната мајка. За тоа потребно е  навреме да се дијагностицираат и лекуваат. Ако не се лекуваат може да доведат до спонтан абортус, предвремено породување, инфекции и сепса кај плодот или да доведат до   нарушување во развојот на органите и сетилата кај плодот и да дадат конгенитални аномалии. Според д-р Јорданчо Иванов, гинеколог акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, промените кои настануваат во организмот на мајката, како хормонални така и физички, се причина за зачестено јавување на некои инфекции.

Анксиозни состојби и панични напади

Најчестата состојба поради која денес се бара психијатриска помош се состојбите на зголемена анксиозност и манифестациите дефинирани како панични напади. Затоа, за ваквите состојби денес често зборуваме како за перманентна епидемија на денешницата. Евидентниот тренд на пораст на оваа проблематика може да се објасни од повеќе аспекти, но јасно е дека е повеќепричински.

Зрачна терапија на моќниот акцелератор TRILOGY

Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот. Целта на зрачната терапија е да ги убие клетките на канцерот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот. За тоа кога се користи, кои се предностите на зрачната терапија со современиот линеарен акцелератот Trilogy и што да очекувате од третманот, одговор ни даде д-р Славица Кралева, специјалист по онкологија и радиотерапија.

Зголемен вагинален секрет

Најчеста причина за зголемен вагинален секрет кај женската популација се вагиналните инфекции (вагинити или колпити). Се јавуваат од најраната возраст (увенилен колпит), до најстарата возраст како – сенилен колпит. Зголемениот вагинален секрет може да биде и од неинфективна природа, поради зголемено лачење на вагинална и цервикална слуз, посебно во периодот на овулација.

Кога пробувате чевли, носете чорапи

Габичните инфекции на стапалата почесто се добиваат во летниот период и лекарите советуваат да се одржува високо ниво на хигиена и задолжително да се носат чорапи кога се пробуваат нови чевли. Дерматовенеролозите објаснуваат дека габични инфекции на стапалата се пренесуваат при контакт со заразена кожа или во допир со контаминирани предмети, односно пешкири, обувки и нестерилен сет за педикир.

Здрав `рбет и превенција на деформитети кај децата во училиште

Уште само неколку дена до почетокот на новата учебна година. Пред да ги купите новите обувки и училишниот ранец на вашето дете прочитајте ги стручните совети на д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед во „Аџибадем Систина“. 

Одберете го вистинското етерично масло

Покрај убавиот мирис, на етеричните масла им се препишуваат голем број здравствени придобивки. Подобрување на расположението и когнитивните способности, ублажување на симптомите при инфекција и рефлуксна болест (враќање на содржината од желудникот во хранопровод) се само дел од нив.  Ароматерапијата со овие масла е исто така корисна и при несоница, проблеми со варењето на храната,   инфекција на забите. Сè што треба да направите е да ставите неколку капки од маслата во дифузер или ставете од етеричното масло во тенџере со вода, ставете го лицето над него, затворете ги очите и покријте ја главата со крпа и вдишете ја пареата.

Панични напади и начини за нивно надминување

Основна карактеристика на т.н панично растројство се повратните напади на силна напнатост која прераснува во паника, без за тоа да постои видлива, реална причина. Ваквите состојби можат да се јават кај секого и во секое време. Сепак, кај лицата кои страдаат од ова растројство можат да се пронајдат многу сличности во однос на нивните карактерни црти.