Хроничната болка предизвикува депресија

Луѓето кои се соочуваат со хронична болка се соочуваат и со други потешкотии, пред сè психолошки и социјални. Лицата со хронична болка имаат зголемен ризик за депресија, која може да предизвика сериозни последици доколку не се лекува.
Седум навики на луѓето со здрав стил на живот

Сте се запрашале ли како минува денот на луѓето кои се грижат за сопственото здравје и имаат здрави навики. Дали навистина тоа го практикуваат секојдневно или прават отстапки. Прочитајте ги седумте топ навики на луѓето со здрав стил на живот и, што е поважно, почнете да ги практикувате уште од денеска.
Губење на меморијата – расеаност или сериозно нарушување?

Се пронаоѓате ли во речиси секојдневното прашање – каде ги оставив клучевите од автомобилот или очилата. Експертите велат дека тоа е сосем нормално. Сте се запрашале ли во кои случаи станува збор за сериозно нарушување на меморијата и треба да побарате лекарска помош? Тука спаѓаат бројни примери на губење меморија која ги нарушува секојдневните активности (одржување лична хигиена, возење, редовно заборавање на претходно закажани состаноци, прегледи на доктор, заборавеност каде сте го паркирале автомобилот…).
Имате главоболка, можеби се синусите

Синусите се коскени шуплини лоцирани помеѓу коските на лицето (фронтален синус, максиларен, етмоидален и сфеноидален). Најчеста причина за воспаление на синусите се инфекции или алергиска реакција. Кога синусите се воспалени тие создаваат повеќе слуз со што доаѓа до затнување на одводните канали поврзани со носната празнина. Зголемениот притисок во синусите предизвикува болка која се чувствува како главоболка.
Здрава храна која ќе ви помогне да ја намалите тежината

Формулата за намалување на тежината е едноставна, јадете помалку калории а трошете повеќе. Доколку постојано сте во потрага по храна која ќе ве држи сити подолго време, а од друга страна е богата со сите потребни хранливи материи тогаш прочитајте ја листата на наши предлози.
Симптоми кои укажуваат на хормонски дисбаланс

Се чувствувате подуени, нервозни или едноставно не ви денот. Виновник за ова може да бидат хормоните. Хормоните се хемиски состојки кои влијаат врз работата на клетките и целиот организам. Нормално е доколку нивните вредности варираат во одреден период од месецот, особено пред и во текот на менструалниот циклус. Хормонски дисбаланс се случува и во менопауза. Освен овие причини, варирањето на хормоните може да биде резултат на болест или пиењето одредени лекарства.
Пет грешки на родителите во воспитувањето на малите деца

Родителството бара трпение, љубов и време. Родителите треба да знаат дека за да променат што било потребно е време. Честопати, однесувањето на вашето мало дете ве прави нервозни и беспомошни. Иако се толку мали, децата сакаат доза независност, но од друга страна имаат голема потреба од љубов и внимание од родителите. Периодот од 3 до 5 години е најактивен и фрустрирачки во однос на родителството. И покрај тоа што се трудите да го дадете најдоброто од себе во однос на чување и воспитување, сигурно ќе се пронајдете барем во една од посочените грешки кои ги правиме свесно или несвесно:
Пијалаци дозволени за лицата со дијабетес

Поголемиот дел од лицата со дијабетес може да консумираат одредени видови на алкохол. Она што е важно е пиењето да биде во умерени дози и да се внимава на составот на пијалакот. Во денешно време, постојат пијалаци кои содржат алкохол а не содржат премногу шеќер, па се дозволени за лицата со шеќерна болест. Пред да посегнете по било кој алкохол, треба да бидете запознаени како тој влијае на нивото на шеќер во крвта.
Пушењето ги влошува симптомите на киселини во желудникот

Ги послушавте советите на лекарите, ја избегнувате храната која вообичаено ви прави киселини, ја намаливте тежината, спиете со благо поткрената перница и, сепак, имате проблеми со киселини во желудникот. Но, дали ги откажавте цигарите? Новата голема студија покажала дека пушачите имаат поголема шанса за појава на киселини отколку непушачите.
Кофеинот лекува, но и предизвикува главоболка

Секој од нас одвреме-навреме се жали на главоболка. Сте размислиле ли дали кофеинот може да биде причина за главоболката или, пак, дека токму кофеинот ви помага да се ослободите од напнатоста? Истражувањата покажале дека кофеинот има двојна улога, помага, но може да биде и причина за главоболка.