Кожни алергиски тестови за деца

Tестовите за алергија се користат во дијагностицирање на некои алергиски заболувања со цел откривање на преосетливост на поедини алергени. Во однос на анамнестичките податоци и клиничката слика педијатарот гo одредува видот на тестовите за алергија кои се индицирани за состојбата на вашето дете.
АСТМА – епидемија на 21.век

Во светот околу 5 проценти од возрасната популација и 12 проценти од децата имаат астма. Статистиките велат дека кај околу 95 проценти од лицата заболени од астма првите симптоми им се јавиле пред 45 – та година од животот.
Кои се причините за крварење во менопауза

Менопаузата е дефинирана како отсуство на менструален циклус од една година. Просечната старосна граница за менопауза е 51 година, но нормалната граница се движи од 45 до 55 години. Годините до овој период се нарекуваат перименопауза, односно oвој термин значи околу менопауза. Овој период може да трае и десетина години. Во текот на перименопаузата изместувањето на хормоналните нивоа ја спрeчува овулацијата и предизвикува промени во менструалниот циклус.
Правила за добар сон

Научете се да ја затворате книгата на денот пред одење на спиење
Дневните случувања и проблеми, како и очекувањата од утрешниот ден, т.е. калкулациите околу тоа со што треба да се справуваме следниот ден, не треба да се “носат“ со себе кога се оди на спиење. Битно е да се живее по принципот “сега и овде“ и стресот да не се пренесува во спалната соба. Кога ќе се заврши со работните активности и планирања, посветете му се на добриот сон. Научете грижите да ги оставате за утрешниот ден, или уште подобро, за иднина.
Активни и по вградување на вештачки колк

Интервенциите за вградување ендопротези на колкот се едни од најчестите изведувани оперативни интервенции во ортопедијата. Историјата на овој тип операција е многу долга и драстично се разликува од почетоците до она што денес е достапно во современото време. Со новите материјали, како и новите помалку интензивни методи на оперирање рехабилитацијата и нормалниот живот на оперираниот пациент се постигнува за многу покус период. Откако ќе заврши неопходниот период на адаптација на пациентот, што денес изнесува два-три месеци, тој е способен за нормален секојдневен живот.
Крварења во мозокот

Мозочните крварења опфаќаат 8 -13% од сите мозочни удари, но затоа пак имаат највисок морталитет (смртен исход) околу 62%. Карактеристично за ваквиот тип крварење е фактот дека кај 50% од преживеаните се јавува траен инвалидитет. Токму поради тој факт, од големо значење за исходот на пациентот е навремено поставената дијагноза и итен третман.
Недоволниот внес на вода причина за појава на уринарни каменчиња

Уринарните каменчиња се трето најчесто заболување на уринарниот тракт, веднаш по уринарните инфекции и болестите на простатата. Машката популација е два до три пати позасегната од ова заболување од жените. Што се однесува до возраста, појавата на каменчиња е најчеста од четвртата до шестата декада од животот. Како значаен ризик фактор е професијата, така што работниците изложени на поголема топлина за време на работата почесто развиваат калкулоза. Со зголемен ризик е и популацијата со поголема телесна тежина и оние кои помалку внесуваат вода, што е докажано со клинички студии.
Болест на артериите што го хранат срцето

Коронарното срцево заболување, во многу земји во светот, вклучувајќи ја и нашата, е најчесто заболување на срцето. Се јавува како последица на недоволната васкуларизација на миокардот поради опструктивна болест на коронарните артерии. Акутниот инфаркт на миокардот, како главна појавна форма, се карактеризира со изразито висок морбидитет, инвалидитет, морталитет и со нагласена преваленција и акциденција на светско ниво. Коронарната артериска болест, како клинички ентитет мора да се разликува од патолошкиот процес кој лежи во нејзина основа, а тоа е процесот на атеросклерозата на коронарните крвни садови.
Убод од крлеж? Побарајте медицинска помош!

Подигнување на свесноста на луѓето за опасноста од оваа инфекција и сериозноста кога таа навреме не се дијагностицира и не се лекува е првиот чекор во спречување на нејзиното ширење! Секој убод од крлеж треба да се сфати сериозно и да се побара стручна лекарска помош!
Болеста е именувана по градот Лајм (Lyme) во државата Конектикат (Connecticut), каде во периодот 1975-77 год. голем број деца истовремено заболеле од оваа болест. Бактеријата која ја предизвикува болеста била откриена дури во 1981 год. од научникот Вили Бургдорфер.
Ехо преглед за дијагноза на воспалено слепо црево

И покрај тоа што оперативниот зафат на слепото црево се изведува уште од 1886 година, дијагностиката на ова често заболување во одреден број случаи сè уште не е сосема прецизна. Дијагнозата многу често може да се превиди или да биде сосема нејасна, така што бројот на лажно позитивните и лажно негативните дијагнози расте со бројот на пациентите и достигнува бројка и до 25%.