Најчести повреди на Ахиловата тетива

Ахиловата тетива е една од најголемите и најсилни тетиви кај човекот. Се наоѓа меѓу спојот на мускулот на потколеницата со коската на петицата и има голема улога во процесот на трчање. Од повреда на оваа тетива најчесто страдаат рекреативците и спортисти кои имаат интензивни и напорни тренинзи. Повредата на Ахиловата тетива е релативно честа бидејќи е доста оптоварена, особено кај луѓе кои подолго време се во патики, во копачки и спортска опрема и менуваат тврда и мека подлога.
Секојдневното консумирање на месо и алкохол е ризик за појава на гихт

Гихт е метаболно заболување кое прeдизвикува воспаление и оток на зглобовите. Овој облик на артритис е предизвикан од таложењето на кристалите на мочната киселина во зглобовите, кожата, меките ткива и бубрезите. Најчести симптоми се силните болки во зглобовите, црвенило, отоци и покачена температура.
Болката во забите може да биде знак и за воспален синус

Заболените заби во горната вилица може да бидат една од причините за инфекција на максиларните синуси. Тоа е поради фактот што синусните шуплини се тесно поврзани со забите и устата. Максиларните синуси се најголемите параназални синуси, кои се наоѓаат во горната вилица, учествувајќи во градбата на очната, носната и усната празнина. Максиларниот синузитис обично е предизвикан од инфекција од носот, но, исто така, инфекцијата може да настане и од несанирани заби. Затоа, редовни стоматолошки прегледи се неопходни за на време да се дијагностицира и лекува инфекцијата на максиларниот синус.
Заболувања на срцевите залистоци може да доведат до инфаркт

Нормалното функционирање на залистоците овозможува крвта да тече во правилна насока, со одредена брзина и во соодветно време. Патолошките промени кои ги зафаќаат залистоците влијаат на нивната функција, при што можат да станат премногу тесни и тврди и со тоа не можат целосно да се отвораат или затвораат. Ваквата неправилна функција влијае на крвниот тек (предизвикува повраток или застој на крвта). Тој проблем може да влијае на срцевиот мускул и да доведе до срцева слабост. Задржувањето на крвта доведува до зголемување на срцето со што се оштетува неговата функција. Зголемените комори и преткомори го оневозможуваат нормалниот проток на крв, при што расте ризикот за создавање коагулуми (згрутчување на крвта). Ваквата состојба може да предизвика емболија во белите дробови или во мозокот (мозочен удар).
Не занемарувајте ја градната болка

Ангина пектрорис е медицински термин за болка во градите како последица на коронарна болест на срцето. Таа се манифестира со намален проток на крв во срцевиот мускул поради насобраните масни наслаги кои прават стеснување во артериите. Пациентите чувствуваат болка,стегање и притисок во градите. Ангината е релативно честа појава и тешко може дасе разликува од другите болки во градите. Проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург, објаснува доколку често го чувствувате овој симптом, не чекајте – веднаш побарајте медицинска помош.
Зошто не можете да го ставите под контрола крвниот притисок

Зголемениот крвен притисок е болест на современото живеење. Одржувањето на крвниот притисок во нормални вредности може да спречи развој на многу болести меѓу кои најсериозни се срцев или мозочен удар. Но, некои пациенти и покрај препишаната терапија не можат да го стават под контрола крвниот притисок. Постојат повеќе причини за честите падови и зголемувања на крвниот притисок.
Карцином на бубрези – Зошто се важни посетите на уролог?

Како и сите органи во телото така и бубрезите се подложни на малигни заболувања. Иако не се многу чести, истражувањата покажуваат дека расте бројот на пациенти кои заболуваат од малигни заболувања на бубрезите. Статистиките велат дека се јавува кај 3- 5 пациенти на 100.000 или во Македонија годишно се откриваат од 80 до 100 нови случаи. Овој вид карцином најчесто се јавува во понапредната возраст и многу е почест кај машката популација. Постојат два вида карциноми на бубрезите – едниот ја напаѓа кората на бубрегот, а другиот вид ја напаѓа срцевината на бубрегот, одводните каналчиња, бубрежното леѓенче и мочните канали. За тоа кои се симптомите, како се поставува дијагноза и каков е третманот, одговор побаравме од проф. д-р Љупчо Лековски, специјалист по урологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Отстранете го целулитот со радиофреквенција

Летните одмори се пред нас, па време е да го покажете вашето совршено обликувано тело. Доколку не си посветивте доволно време за вежбање и сметате дека целулитот е виновен затоа што не можете да го облечете вашето омилено мини здолниште радиофреквенцијата е спасот кој го барате. Успешно справете се со „болеста на седечките луѓе“ – целулитот и локалните масни наслаги. Како функционира радиофрекфенцијата, каде се применува и колку третмани ви се доволни за да имате совршено обликувано тело одговор побаравме од д-р Андреј Петров, дерматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Артериосклерозата е најчеста причина за проширување на абдоминалната аорта

Аортата е најголемиот крвен сад. Низ неа од срцето тече крв богата со кислород и хранливи материи до секоја клетка во телото. Се состои од два дела, градна и стомачна, која во карлицата се дели на два крвни сада кои продолжуваат во двете нозе. Аортата е изградена од 3 слоја, а нејзината нормална дебелина е 3 мм. Како последица на артериосклероза или други заболувања на аортата настанува слабост на ѕидот и истата во одредени сегменти во нејзината должина во градниот или абдоминалниот дел, почнува да се шири на сметка на истенчување на целиот ѕид и најчесто доаѓа до кинење на внатрешниот слој.
Прекумерната тежина ја намалува самодовербата кај децата

Ќе се согласите дека најголемата забава за денешните деца е да седат пред компјутер. Кога времето поминато пред екранот е многу подолго отколку времето поминато во игра со другарите тогаш работите стануваат сериозни.