Сакате да јадете обилно навечер?

Неколку начини да се изборите со навиката да јадете доцна навечер!

Нема ништо лошо во тоа да го ублажите гладот во доцните вечерни часови. Но, сепак, доколку честопати ви се случува да ја извадите кутијата сладолед од замрзнувачот или да грицкате чипс, тогаш имате проблем. Овие калории не се согоруваат во текот на ноќта. Доколку секоја вечер внесувате по 200 калории тоа се 1400 калории на ниво на една недела, што претставува дозволен внес во текот на еден цел ден. Калориите се таложат и многу брзо можете да дојдете до ситуација да се борите со вишокот килограми.

Придобивките од краставицата

Освен тоа што сите знаеме дека краставицата е добар диуретик, таа има уште многу позитивни страни. Накратко, еве некои од нив.

  1. Краставицата ја содржи дневната доза на повеќето витамини и минерали потребни за човековиот организам, од типот на Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, калиум.
  2. Кога ќе осетите замор, во попладневните часови наместо кафе изедете една краставица, таа е одличен извор на Б витамин и глицид, и сигурно ќе ви обезбеди брзо закрепнување во текот на останатиот дел од денот.

Уринарни инфекции кај деца

Уринарните инфекции се најчесто заболување на уринарниот тракт и една од најчестите инфекции кај децата. Се дефинираат како инвазија на микроорганизмите во ткивото на уринарниот тракт. Доколку не се третираат навремено и правилно, може да доведат до оштетување на бубрезите.   

Труење од храна кај децата

Што претставува труењето од храна?

Труењето од храна се случува кога во организмот заедно со храната внесуваме и токсини (отрови). Извор на бактерии во храната можат да биде преработката на храната, транспортот, пакувањето или расипување на намирницата поради несоодветно чување.

Дознајте ги седумте непријатели на црниот дроб

Со повеќе од 500 функции црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело. Филтрирајќи ја крвта ги отстранува отровите и другите штетни состојки од телото. По пат на сложени хемиски процеси обезбедува хранливи материи потребни за одржување на животот на клетки и за создавање нови…  

Карцином на тестиси

Карциномот на тестиси се појавува во половите жлезди во тестисите. Најчесто се манифестира со отекување или појава на грутка во еден од тестисите што е најчесто безболна, губење на сексуалната активност, појава на крв во ејакулатот и болки во долниот дел од грбот или абдоменот поради симптомите предизвикани од метастазите  на карциномот на тестиси.

Совети за среќни и убави стапала

Човечкото стапало е чудо на биомеханичкиот инженеринг кое многумина од нас не го сфаќаат доволно сериозно сѐ додека не дојде до некаков проблем. Просечен човек во текот на својот живот во просек пешачи километража како двапати да го заобиколил целиот свет, што е прилично голем временски период поминат на нозе.

Лековитите својства на малините

Покрај тоа што во лето уживаме во вкусните плодови на малините, листовите од стеблото на ова овошје во голема мера можат да помогнат со својата лековитост. Уште во минатото ова растение се користело за намалување на телесната температура,  против воспаленијата, ја олеснува бременоста, лекува цревни воспаленија, ја прочистува крвта, го регулира месечниот циклус, го забрзува потењето, лекува кожни болести. Чајот треба да се пие 2-3 пати на ден – суви или свежи листови (1 лажичка) прелијте со врела вода (250 мл), оставете да отстојат и процедете ја течноста.

Супер храна за подобро расположение

Подобрете го вашето расположение, енергија и концентрација со оваа научно докажана суперхрана

Јаболко

Јаболкото содржи флавоноид кверцетин, антиоксидант кој има улога на антихистамин и ги спречува супстанците кои предизвикуваат алергии. Секогаш јадете ја и кората на јаболкото, таму се наоѓа најголемиот дел од кверцетинот. Покрај ова, оваа состојка игра огромна улога во превенцијата од формирање тумори, разни видови карциноми, срцеви заболувања и разни воспаленија.

Тестикуларни импланти

Еден од посериозните проблеми по оперативното отстранување на тестисот е психолошкиот проблем кај мажот. Но и за овој проблем има решение со имплантација на вештачки тестис кој позитивно ќе влијае на психичката промена кај мажот и на неговиот физички изглед.