Знаци што жените не треба да ги игнорираат

Пубертет, месечен циклус, бременост, менопауза… Женското тело постојано се менува. Но, секој од нас совршено го познава своето тело и ги препознава промените што се случуваат. Следете го вашето тело бидејќи некогаш одредени симптоми кои можеби изгледаат нормално може да бидат еден од првите знаци за канцер.

Ризик фактори за болести на срцето

Атеросклерозата е болест предизвикана од таложење на маснотиите на ѕидот на крвните садови. Последиците од артеросклерозата се сериозни, како миокардниот инфаркт и мозочниот удар.

Во прилог ве советуваме како да ја стопирате атеросклерозта и да го зачувате здравјето на вашето срце:

Ризик фактори за развој на атеросклероза се:

Вродени аномалии на бубрезите и уринарниот тракт кај децата

Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се присутни кај 0,5% бремени жени. Пренатална дијагноза и раните оперативни интервенции овозможуваат брзо решавање на аномалиите, но, сепак, тие се уште главна причина за откажување на работата на бубрезите во рана возраст. Конгениталните абнормалности на бубрезите и уринарниот тракт  ги вклучуваат аномалиите на бубрегот, на мочниот меур и уретрата, додека во конгенитални аномалии на долен уринарен тракт спаѓаат конгенитални дефекти на уретер, мочен меур и уретра. На сите прашања поврзани со овој проблем кај децата одговор ни даде д-р Надица Ристоска-Бојковска, педијатар нефролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Како животните навики влијаат на кожата?

Вашата кожа е надворешната обвивка што го заштитува целото тело, но тоа не е сè. Таа е првото нешто што ве претставува пред светот. Кога вие сте здрави, таа е убава и блескава. Изборот го правите самите вие секој ден, затоа внимавајте.

Најважно за децата е што сме тим со родителите

Д-р Душkо Фидановсkи, Педијатриско одделение во „Аџибадем Систина“

Во една од собите на педијатрија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ ја затeкнавме Ванеса Ѓеорѓиевска, која има осум години и деновиве првпат во својот живот е во болница. Наспроти очекувањата, штом влеговме со собата таа развлече широка насмевка, свежа, наспана, со големи преубави сини очи. Се насмевна и ни рече да влеземе:

Несоницата не поминува сама

Се мачите да заспиете веќе со недели и месеци и секој ден се прашувате кога ќе помине овој кошмар. Сѐ додека не почнете да делувате во вистинската насока и сериозно да посветите внимание на овој проблем, несоницата ќе ве измачува во недоглед. Прочитајте неколку факти и митови што ќе ви помогнат да ја дознаете вистината за проблемот со спиењето.

Митови за кофеинот

Кофеинот е дел од нашето секојдневие и ритуал со кој се почнува денот. Додека го подготвувате утринското кафе прочитајте неколку митови за кофеинот што ќе ви помогнат да дознаете повеќе информации за неговите позитивни влијанија, но и несакани ефекти во случај кога ќе ја надминете дневно препорачаната доза.

Што треба да одбегнувате ако сте алергични на глутен

Безглутенската диета е од големо значење за лицата што имаат нетолеранција или, пак, се алергични на овој протеин. Доколку поради која било причина сте одлучиле да се храните со намирници што не содржат глутен, треба да бидете многу внимателни во изборот на храна бидејќи голем број од продуктите содржат „скриен“ глутен.

Стресот и депресијата се една од причините за губење на машката потенција

Незадоволството и негативните чувства може да се преселат и во креветот. Овие пациенти земаат и антидепресиви кои, исто, се причина за еректилна дисфункција. Но процесот може да биде и обратен – поради еректилна дисфункција, пациентите да заболат од депресија. Мажите полека почнуваат да зборуваат за проблемот и да бараат решение. Јас, како уролог, ги охрабрувам сите мажи што се соочуваат со еректилна дисфункција да не се срамат и да не го кријат овој проблем, бидејќи за него има решение.