Кога болката во ’рбетот е посериозна од самиот проблем кој ја предизвикува?

Имате болки во долниот дел на грбот. Грчеви ви ја „убиваат“ ногата. Имате чувство дека некој  ве боде со игли. Кога ги имате овие симптоми, најверојатно, имате проблем со ’рбетот.

Имате болки во долниот дел на грбот. Грчеви ви ја „убиваат“ ногата. Имате чувство дека некој  ве боде со игли. Кога ги имате овие симптоми, најверојатно, имате проблем со ’рбетот.

Кога најчесто се сомневаме во проблем со ’рбетот?

Спиналната стеноза е една од најчестите причини за болки во ’рбетот кои не се поврзани со повреда. Стеснувањето на просторот околу ’рбетниот мозок прави притисок на нервите. Доколку ги имате следниве симптоми, можно е да станува збор за спинална стеноза:

–          Болки во пределот на долниот дел од грбот
–          Грчеви во нозете
–          Чувство на тежина во нозете кое може да доведе до отежнато одење
–          Зголемена болка при симнување (скали или надолнина)
–          Симптоми кои се влошуваат при активност

Но, и покрај познатите симптоми, кај некои луѓе може да не се јават вакви симптоми и да се дијагностицира спиналната стеноза со магнетна резонанца. Понекогаш, пак, можат да се јават спинална стеноза и периферно артериско заболување истовремено. Затоа потребен е преглед, а понекогаш и дополнителни испитувања за да се добие прецизна дијагноза.

Како да разликуваме стеноза од други заболувања?

Постојат неколку начини за да направиме разлика помеѓу спинална стеноза и нешто многу посериозно:

–          Болката која се влошува додека се качувате нагоре е вообичаена за периферното артериско заболување, се создава плака во крвните садови

–          Пациентите заболени од периферно артериско заболување прават поза на „навалување на количка од супермаркет“  со цел да се ослободат од болката, што не е случај со оние кои страдаат од спинална стеноза.

–          Доколку симптомите се влошуваат ноќе, а се подобруваат со вежбање, тогаш може да се работи за невропатија.

–          Кај помладите, утринската вкочанетост која трае повеќе од 30 минути и уште повеќе се влошува при мирување може да биде знак за инфламаторен артрит, од типот на анкилозен спондилит.

–          Други неочекувани симптоми, како на пример нагло губење на телесна тежина и замор, можат да бидат знаци на малигноми, многу ретко, но, сепак, добро да се знае и внимава.

Како да се справиме со спинална стеноза?

Еве неколку совети како да се ослободите од болката доколку имате спинална стеноза:

  1. Физикална терапија. Вежбањето и истегнувањето можат да помогнат во зацврстувањето на ’рбетот, подобрувањето на рамнотежата и намалувањето на притисокот на нервите.
  2. Разговарајте со вашиот доктор околу лековите. Нестероидните анти инфламаторни лекови ги опуштаат  мускулите. Некои пациенти се лекуваат и со неуронтин, кој исто така го користат оние кои страдаат од невропатија.
  3. Стероидни инјекции. Кортикостероидите можат да го намалат воспалувањето и иритацијата кои ја предизвикуваат симптомите, но не се прва опција бидејќи ги ослабуваат коските и ткивата со текот на времето.
  4. Хируршка интервенција. Кога конзервативните методи не можат да помогнат, одредени хируршки процедури можат да ги намалат симптомите.

Сепак, за почеток, најдобро е да посетите доктор, без разлика дали општ или специјалист. Секоја состојба која укажува на проблеми со ’рбетот си има свој соодветен третман. Најважна е правилната дијагноза. На пример, тест за нервите од типот на електромиографија (EMG) може да му помогне на докторот да види дали се работи за невропатија, тестот за доток на крв (ABI) може да ги разграничи спиналната стеноза и периферното артериско заболување. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!