
Како најдобро да ја згаснете жедта на детето?
Децата се секогаш во движење, секогаш во потрага по нови нешта кои целосно им го одземаат вниманието. Ќе се согласите дека хранењето некогаш ви се чини како невозможна мисија. Тие не ни помислуваат да застанат да се напијат вода иако реално имаат потреба. На нас, родителите, ни преостанува секогаш да одиме зад нив и да ги задоволиме потребите за глад и жед.












