
Крвавење од носот
Кога ќе добиете удар во носот за време на спортската активност, ќе се удрите или ќе паднете на носот јасно е дека од носот ќе ви потече крв. Но, многу често се случува без никаква причина да забележите дека ви тече крв од носот. Тоа може да се случи додека спиеме, и кога наутро ќе се разбудиме да се збуниме како и кога се случило тоа. Ова крвавење најчесто се јавува од едната ноздра. Иако често се јавува кај деца и повозрасни луѓе, никој не е поштеден. Слузницата на носот е пребогата со ситни капилари и артерии, особено во долниот дел на носната преграда. Добрата вест е дека 90% од крвавењата е појава која сами можете да ја санирате и крвавењата не е симптом кој е поврзан со други нарушувања.












