
Детската парализа
Детска парализа е многу заразна вирусна инфекција која може да доведе до парализа на телото, проблеми со дишењето, па дури и до смрт. Како и многу други заразни болести има тенденција да ги нападне најранливите членови на популацијата. Во оваа група спаѓаат децата, бремени жени и оние со ослабен имунолошкиот систем. Секој кој навремено не бил вакциниран против детска парализа е особено подложен на заразување со инфекцијата.












