
Зошто некои луѓе се магнет за комарци?
Еве неколку интересни откритија кои ќе ви помогнат да сфатите зошто некои луѓе се магнет за комарци. Ако и вие се чувствувате како цел на сите комарци во околината, додека вашите пријатели мирно си седат и немаат проблем со комарците, можеби сте во право. Околу 20% од луѓето се многу привлечни за комарците. Вашиот метаболизам, како и единствениот хемиски состав на вашето тело игра значајна улога во одредување на привлечноста за комарците. Но, постои и истражување кое покажало дека привлечноста со текот на времето може да се менува.












