
Топ 5 прегледи за жени над 50 години
Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест. Превентивните прегледи водени од искусен лекар и насочени индивидуално, според вашите лични карактеристики – пол, возраст, медицинска и фамилијарна историја, можат да откријат одредени ризик фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања кои ви се закануваат. Во овој број ви препорачуваме 5 скрининг тестови за жени над 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот.






