
Која е разликата меѓу настинка и алергиски ринит?
Пролет е, температурата расте, а вам носот ви е затнат и ви тече, често кивате, а главата ви тежи. Прво што ќе помислите е дека имате настинка. Но, овие симптоми предупредуваат и за хронично воспаление на носната лигавица – алергискиот ринит. Алергискиот ринитис е хронично воспаление на носната лигавица кое се манифестира со симптоми слични на настинката.
Ваквите симптоми се предизвикани од алергиската реакција на алергени, од кои најчести се: полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).