
Витаминска библија за жени: 6 клучни работи кои не смеете да ги запоставите
Недостигот на витамини и минерали кај жените најчесто резултира со лошо расположение и намалена концентрација, а потоа со нарушување во менструалниот циклус и склоност на инфекции. Брзо потоа настануваат и посложени нарушувања и развој на специфични заболувања.
Витамините се поделени во две големи групи: витамини растворливи во масти (А, Д, Е, К) и витамини растворливи во вода (Б комплекс, фолна киселина и Витамин Ц). Витамините Д и К, како и фолната киселина се од посебно значење за здравјето на жената.