
Редовните прегледи може да ви го спасат животот
Карциномот на дојка се лекува, но мора навреме да се открие. Во прилог ви објаснуваме кои тестови и процедури се користат во дијагнозата на карцином на дојка:
Клинички преглед на дојки
Докторот ќе ги прегледа вашите дојки со цел да утврди дали има присуство на грутки или други абнормалности.
Мамограф
Мамографот претставува снимање на градите. Овие апарати најчесто се користат во дијагноза карциномот на дојка. Се препорачува секоја жена над 40 години еднаш годишно да направи мамографија. Доколку во семејството има заболен од карциномот на дојка, со мамографски преглед треба да се почне многу порано.












