Копривата е ефикасен лек за прочистување на крвта, но и силен борец против слабокрвноста и опаѓањето на косата.
Оваа билка е бесплатна супер храна, со исклучително хранлива вредност и одличен извор на витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими. Копривата помага при висок крвен притисок, анемија, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. За да ги искористите нејзините придобивки консумирајте ја свежа, бидејќи ако ја готвите таа губи дел од хранливите вредности.