
Целијакија – болест со повеќе од 300 симптоми
И покрај тоа што дијагностицирање одредена болест е негативна вест, за луѓето дијагностицирани со целијакија правилната дијагноза значи крај на проблемите. Целијакија е генетско автоимуно заболување кое се јавува при внес на храна која содржи глутен. Кај лицата со целијакија, телото го препознава глутенот како „туѓо тело“ и почнува да реагира напаѓајќи ги сопствените клетки. Под поимот глутен во лаичката интерпретација пред сè се мисли на белковина од пченицата, пирот, ’ржта и јачменот каде тој е присутен во различни комбинации на своите компоненти – растителните белковини проламин и глутелин.