
Oбојте го здравјето во боите на природата
Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот, особено во зимскиот период.